Почетна ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОВСКИ

ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОВСКИ

Господине Јовановски, како ја оценувате работата на Советот на Општина Куманово за 2023 година?

Останува впечатокот дека Советот на Општина Куманово не ги искористи максимално своите надлежности како орган на Општината, туку падна под притисокот и остана продолжена рака на Градоначалникот и општинската администрација . Безидејност , задоцнетост во одлуките , препишана Програма , без иницијативи од мнозинството (ЗНАМ и ДПМНЕ) и без поширока расправа за суштинските проблеми на граѓаните на Куманово. Загадувањето ,заштита и унапредување на животната средина , подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните воопшто не се во приоритети на работа на овој состав на советот. Освен гласање за тековни активности и програми , за жал 2023 година ја одбележа и донесување на Одлуки спротивно на законските регулативи, со што Советот се стави над законот, а штетата највеќе оди на товар на граѓаните на Куманово кои уредно плаќаат давачки кон Општината и очекуваат нивните комунални проблеми да бидат решени. Кога се гласаат Одлуки спротивно на јавниот интерес се доведува во прашање и довербата која самите граѓани му ја дале на овој состав на Советот и на секој член на совет поединечно. Лично не сум задоволен од функционирањето и на самите седници на Советот. Пракса стана ограничувањето на дискусијата, редовното кршење на Деловникот , упаѓање во збор на опозицијата , процедуралните забелешки до бесконечност. За демократскиот капацитет на самото мнозинство доволно зборува и честото одбивање на предлог- точки на дневен ред од информативен карактер, со што јавноста и граѓаните се оневозможени да добијат информација за некој актуелен проблем или прашање од јавен интерес. Се надевам дека годинава пред нас ќе биде поуспешна за сите нас, ќе преовлада разумот а и искуството и да се надеваме дека ќе се донесат повеќе одлуки од јавен интерес и во интерес на граѓаните а не на поедини “центри на моќ” и интересни групи.

Александар Јовановски

Luxury Catering Service