Почетна ДУЕЛ Дуел

Дуел

Во рубриката “ДУЕЛ” еднаш седмично прочитајте ги, најчесто спротивставените ставови на опонентите од нашето непосредно опкружување.

Дали ние сме и колку сме Европа? Со што вашата партија придонесе да сме, а со што да не сме ?  

“Првин дозволете ми да ви посакам успешен рестарт на работата на вашата редакција. Секој нов или старо/нов медиумски портал во Куманово е добредојден, со цел да биде ажурен критичар и коректор на општествено политичкиот живот во нашата општина. Дали сме Европа и колку допринесоа двете најголеми политички партии за тоа да бидеме или не Европа, мислам дека секој еден граѓанин добро знае.

Luxury Catering Service

Прво,СДСМ навистина има резултати кои што прават разлика. Доколку се спореди со времето на ДПМНЕ нема сегмент во којшто СДСМ нема подобар резултат, и тоа драстично подобар. Ниту плати, ни пензии, ни компании, ни работници. Ако на ова се додаде степенот на растечка слобода и демократијата во земјата, силната меѓународна позиција, обезбедената сигурност со членството во НАТО, започнатите преговори со ЕУ, фактот што сме рамноправен партнер на САД и ЕУ, на демократскиот свет прилично се јасни работите на политичката сцена во земјата. СДСМ е посветена на членството во ЕУ заради граѓаните, за подобар животен стандард, поголеми плати и пензии.

Затоа што нашите граѓаните заслужуваат европски животен стандард. За само неколку години СДСМ со интеграциските политики успеа значително да ја раздвижи економијата, да ги покачи платите и пензиите. Второ, опозицијата нуди опција на изолација, нови 11 години економска стагнација и тапкање во место, како што го имавме со ДПМНЕ во минатото. Христијан Мицкоски е класичен анти-ЕУ политичар, а ДПМНЕ антиевропска партија.

Мицкоски дејствува против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди.Мицкоски беше против членството во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ.Без ниту една забелешка за предложената содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата.Едноставно ширеше хистерии за асимилација и бугаризација, за македонски јазик како бугарски дијалект, па откако тие лаги му потонаа измисли нова, за бугарски диктат. И така во круг, работат за нечии туѓи интереси и за свои лукративни цели. Државните успеси и позиционирањето на држава на меѓународен план се најсилен доказ и најголем показател за резултатот на државничките политики на СДСМ и знам дека на изборите на 8-ми мај граѓаните ќе дадат поддршка на концептот на силна, интегрирана и европска Македонија. И ние, или ќе останеме надвор од европското семејство уште долг период, или, ќе бидеме со Албанија првите земји што ќе ја следат новата методологија на проширувањето, и со забрзан чекор ќе станеме членка на ЕУ. Силно и лично и како пратеник од СДСМ верувам дека 2030-та година е достижна цел за остварување на стратешката цел-дел од ЕУ.”

Мартин Костовски

 

Дали ние сме и колку сме Европа? Со што вашата партија придонесе да сме, а со што да не сме ? 

“Република Македонија не само географски, туку и економски, културолошки и во секој поглед природно припаѓа во Европа. Македонскиот народ изминатите 30 години дал премногу во име на европската иднина, која никако да дојде, дел заради лошите политики на властите, дел заради непринципиелноста на нашите европски партнери.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има придонесено многу за нашата европска перспектива, конкретно, првиот позитивен извештај од ЕК е добиен од Влада на ВМРО-ДПМНЕ, потоа обезбедената визна либерализација и многу други проекти… Дури и како опозиција ВМРО-ДПМНЕ секогаш давала и ќе дава поддршка за секоја реформа која ќе не приближи до европските стандарди. За жал, актуелната Влада, со високиот криминал и корупција, со безбројните скандали, како последниот упад на функционери од власта во М-НАВ и загрозување на безбедноста на небото на земја членка на НАТО, само не оддалечува од Европските стандарди и иднина.”

Бране Петрушевски