Почетна ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО АЛЕКСАНДАР АРСИЌ

ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО АЛЕКСАНДАР АРСИЌ

Претседателот на СДСМ и актуелен премиер Димитар Ковачевски неколку пати кажа дека тој ќе биде претседател на новата Влада што ќе се формира после изборите во мај.
Дали вие како претседатал на ОО СДСМ Куманово го делите неговиот оптимизам?

Како Претседател на Општинската организација на СДСМ Куманово знам дека овие избори се борба на концепти за гледање на нашата иднина и патот кој сакаме да го трасираме и одиме.

Не е оптимизам, реалност е дека досегашната Влада предводена од Претседателот Ковачевски и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија работеше на постигнување на стратешки цели за државата, работеше на етаблирањето на државата на меѓународен план, работеше на подобрување на стандардот на граѓаните, работеше на заштита на ранливите категории на граѓани, работеше на подобрување на инфраструктурата, работеше на привлекување на странски инвестиции, работеше на подобра енергетска ефикасност и независност.

Реалност е дека Социјајалдемократскиот сојуз на Македонија ќе ја формира новата Влада со јасно поставена цел на Евроатлантската интеграција со сите атрибути кои се подразбираат со тоа. Користење на фондови од Европската Унија, поголем економски раст, повеќе инвестиции, поголеми плати, владеење на правото и демократијата. И најважно зачувување на сигурноста и безбедноста.

Затоа ќе кажам дека со реален оптимизам, со посветеност и работа ќе продолжиме со реализирање на нашите цели и нашиот напредок, како граѓани, како луѓе кои имаат визија за живеење во демократска и развиена држава.

Luxury Catering Service

АЛЕКСАНДАР АРСИЌ