Почетна ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО МИРОСЛАВ ТРИЧКОВИЌ

ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО МИРОСЛАВ ТРИЧКОВИЌ

Господине Тричковиќ,

Парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај,заедно со вториот круг на претседателските избори. Вашата партија ДПСМ е во силна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Зошто сметате дека ВМРО-ДПМНЕ е подобар политички партнер од другата опција предводена од СДСМ?

За да се објасни позицијата на Демократската партија на Србите во Македонија во однос на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ мора да биде детерминирана на неколку сегменти.

Ние како партија уште при промената на власта во 2017.г. свесни за политичките процеси кои ќе следат по преземањето на власта од страна на СДСМ со нивното прифаќање на т.н. Тиранската платформа донесовме принципелна одлука дека нема да учествуваме во злостортството кое во тој момент му се спремаше на македонскиот народ и на македонската држава, иако бевме свесни за цената која ќе ја платиме.

Така да ние сме единствена партија на немакедонски народ, а нашиот председател и пратеник Иван Стоилковиќ е единствениот немакедонец кој не гласаше за промена на името на државата, не учествоваше во претварањето на Македонија во дефакто јазична федерација и не подржавме потклекнување пред бугарските диктати од ревизија на историскиот карактер на антифашистичката борба во Македонија до идентитетските негирања со кои беше соочен македонскиот народ.

Долгорочно таа условно речено наша партиска жртва доведе до тоа да на сите анкети Македонците за најблизок и најпријателски народ во огромно мнозинство го посочуваат српскиот, што секакако е огромна сатисфакција за нас и ни овозмужува секаде и пред секого да стоиме со гордо крената глава и да словиме за најпоуздан и најпочитуван партнер на македонскиот народ, секако и на нивната најголема и кор партија ВМРО-ДПМНЕ.

Luxury Catering Service

Втората работа која го определинашиот став е односот на овие политички субјекти кон самиот карактер на политичкото уредување на државата, однос кој носи импликации и врз положбапа на српскиот народ во земјава. Ако после Рамковниот договор од Охрид, Македонија требаше да се гради како мултиетничка држава на сите народи кои живеат тука, ние последниве неколку години имаме редефинирање на државата која денес е претворена во двонационална творба, контролирна доминантно од албанскиот политички фактор во сите сфери на општеството. Едноставно политиката на СДСМ именувана како „Едно општество за сите“ беше концепт кој во политичката историја е познат како „операција лажна застава“,во којприпадниците на мојот народ кои наивно поверуваа во оваа политика и кои заземаа некои раководни функции брутално беа елиминирани од политичката сцена, така да вие денес немате ниту ситен функционер Србин од српски политички субјект на некоја раководна функција во државата, додека Албанците ви контролираат 50% од ресорите во Владата, а по длабината на државната администрација тој процент е уште поголем. Начелото кое е и уставна категорија за правична застапеност на етничките заедници веќе не постои.

И последна работа која овдека би ја истакнал е нашето искуство во практицирање на власта и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ. Со СДСМ (2002-2006) никогаш не бевме уважени на начин на кој ние мислиме дека заслужуваме така да од тој период и немаме нешто со што можеме да се пофалиме а да е завршено на добробит на српската заедница, додека во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ (2008-2016) успеавме да оствариме многу работи, а тука би навел само неколку. Во тоа време Србите го добија својот национален празник Св.Сава, добивме агенција за помали заедници со која раководевме и преку која остваривме бројни поволности за Србите, но и останатите помали народи, потоа во центарот на Скопје беше изграден споменик на Цар Душан, беше обновен и заштитен постоечкиот дел од спомен костурницата Зебрњак посветена на јунаците од Кумановската Битка 1912., беше обновен манастирот Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, а до него изграден плоштад и музеј, формиравме неколку интитуции чувари на српското културно наследство во Македонија, тука секако е најзначајно културно-уметничкото друштво Српски Вез од Куманово, за кое тогашната Влада обезбеди простории на долгогодишно користење….

Нагласувам дека е ова само мал дел од аргументацијата која тасот на вагата кога мериме која партија е подобар политички партнер преовладува далеку повеќе на страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Мирослав Тричковиќ