Почетна МОДА И СТИЛ МОДА ИЛИ СТИЛ

МОДА ИЛИ СТИЛ

Еден од најубавите комплименти е кога луѓето ќе забележат дека имате одличен стил. Модата, трендовите и модните парчиња брзо се менуваат, но стилот секогаш се спротивставува на промените и предизвиците на времето. Ако имате одличен стил, буквално можете да изгледате добро секој пат, без разлика на вашиот економски статус или каде се наоѓате. Добриот стил е безвременски и е вистински печат на вашата личност и карактер Според познатиот моден дизајнер Ралф Лорен, стилот е многу личен и нема врска со модата. Модата брзо поминува и се менува. Стилот е вечен, смета тој. Наместо да се фокусирате на трендовите или на она што на другите им изгледа одлично, одвојте време да откриете што совршено ви одговара. Вашата палета на бои мора да го надополни тонот на вашата кожа.

Силуетата на облеката мора да биде дизајнирана да одговара на обликот на вашето тело. Вашиот накит треба да го надополни вратот. Станува збор за самодоверба. Луѓето можат да ја почувствуваат од далеку, особено ако ви недостига. Ставот и решителноста во начинот на кој ја носите облеката и имаат повеќе врска со
тоа колку се чувствувате сигурни во вашата избрана облека. Ако постојано се затегнувате, се покривате и допирате, не изгледате многу самоуверено и веројатно не го носите стилот кој најдобро ве претставува. Вашиот стил треба да ве поттикне затоа што е ваша претстава и треба да бидете горди на тоа што сте секој пат.
Инспирација како да се облекувате можете да ја барате насекаде, на модни ревии, во списанија или дури и на Инстаграм. И, ќе имате бесконечни идеи за облека за која ќе одговара на вашиот личен стил без слепо следење на трендови. Стилот не значи дека сè треба да е скапо, гламурозно и украсено. Одличниот стил се изразува и преку едноставноста, а луѓе со сопствен стил го знаат тоа. Да ги земеме на пример парижанките, тие толку често го мешаат минимумот со максимумот за да постигнат ноншалантен, а сепак елегантен изглед. Можете да го сторите истото, наместо да
станете гламурозни од глава до пети, комбинирајте фармерки со потпетици или блејзер за да останете лежерни, но елегантни.

Luxury Catering Service