Почетна ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО БОБАН НИКОЛОВСКИ

ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО БОБАН НИКОЛОВСКИ

Господине Николовски.

Во мај Македонија излегува на избори. Според ваши  анализи колку пратеници очекувате во изборната единица број 2 ?

Почитувани,
Првин би сакал оваа прилика да ја искористам да Ви посакам успешна работа на Вас како електронски медиум, а на сите наши сограѓани, Православни христијани, уште еднаш да им ги честитам празниците кои се зад нас, со желба за многу здравје пред се.
Вашето прашење, во ова време, на неколку месеци пред изборите е сосема легитимно и ние како убедливо најголема и партија со апсолутно најголема подршка во Македонија правиме редовни согледувања, анкети, од кои неспорно е дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутниот ПОБЕДНИК на наредните претседателски и парламентарни избори.
Истите емпириски информации, апсолутно се потврдуваат и од нашите секојдневни контакти со граѓаните, според кои, ВМРО-ДПМНЕ со својот капацитет е единствената можност Македонија како држава да тргне по просперитетни патишта, сосема различни од оние што во моментов ги оди, предводена од оваа криминална, неспособна и ненародна власт предводена од ДУИ и нивниот вазал, помалиот коалиционен партнер, сдсМ.
     Конкретен одговор ќе дадам, сосема кратко анализирајќи го Вашето прашење од два аспекта:
– локален аспект
– централен аспект
Гледано локално, ВМРО-ДПМНЕ во последната година и пол, недвосмислено се врати на политичката сцена на Куманово како фактор кој до последно ги анимираше сите свои подржувачи и активисти, изгради нов имиџ и слика на ОК ВМРО-ДПМНЕ КУМАНОВО на кој може да му се верува затоа што понуди кадри на сите нивоа, и партиски и локално на ниво на општина Куманово кои со својот квалитет, начин на работа, пристап до своите сограѓани и желба да покажат дека работите може да се сменат на подобро покажуваат дека НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ иако во недостиг на идеи, сработени проекти и факти, политичките противници тежнеат да ги убедуваат, неуспешно се разбира Кумановци, дека сите се исти.
На наредните избори, како претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ КУМАНОВО го користам овој момент да ја побарам масовно подршката од сограѓаните, а со тоа да ни дадат можност како чесна и блиска до народот гарнитура претставници на ВМРО-ДПМНЕ конечно и во Куманово да покажеме што имало до сега Куманово, а што можело да има.Убедени сме дека на идните претседателски избори во април ќе извојуваме победа, што ќе биде само предвесник за уште поголемата, историска победа на парламентарните избори во Мај.
Од Куманово ќе почнат промените затоа што нам отсекогаш ни било тешко, но како ВМРО-ДПМНЕ, со нашиот најголем коалиционен партнер, НАРОДОТ, овој пат нема да дозволиме да биде срамно.
      Генерално гледано, во изборната единица 2, ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДУВА УБЕДЛИВО КАКО И ВО СИТЕ ДРУГИ изборни единици и ова добро го знаат сите наши политички противници па користејќи секакви манипулации без срам му фрлаат прашина во очи на народот со цел, не да се борат за победа.Тоа е веќе одамна невозможна мисија за нив, туку да пробаат нивниот пораз да не биде катастрофален и срамен.Но, и покрај тоа, непобитен факт е, поразот на сдсМ овој пат ќе биде за нив историски најголем.
Сите анкети и информации достапни до мене, покажуваат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 со, во овој момент 9 – 10 освоени пратеници.Но, постојат реални очекувања, можности и калкулации, со наближувањето на пред кампањата и кампањата, понудените личности, но и презентирањето на нашата програма која ќе биде навистина сериозно изготвена, а понесени од победничкиот бран на првиот круг од претседателските избори, оваа бројка да стане поголема а победата на ВМРО-ДПМНЕ ИСТОРИСКА!
Затоа, лекот за “овој канцер” во Македонија на следниве избори е следниот:
– Сите на еден куп за ВМРО-ДПМНЕ за промени, просперитет и анулирање на можноста било кој да ја уценува МАКЕДОНИЈА! Од нас самите зависи!
Го молам Бога, овој пат, верниот и чесен наш народ, поединечно, на следниве избори да ги заборави личните интереси, а со својата масовна подршка и помогне на ВМРО-ДПМНЕ да ги консолидира институциите,  врати владеењето на правото и отпочне борбата против корупцијата и криминалот.Само на тој начин, само тогаш, секој граѓанин секојдневно, поединечно ќе го чувствува реално личниот интерес и ќе добие бенефит од нормалното функционирање на државата.
Вреди секој поединечно да добро да размислиме за ова, нели?
Бобан Николовски
Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ КУМАНОВО
Luxury Catering Service