Почетна Вести ВЕСТИ

ВЕСТИ

Драги читатели,
Вести на Плоштад нема да има, односно има да нема вести од типот на:
„се удри првата лопата во новиот индустриски комплекс“,
„се покри уште една мала, но значајна дупка на улица 501 во предградието“,
„заштитната ограда околу малиот плоштад (што ги штити љубопитните минувачи од незгоди при сликање пред спектакуларните букви од наше Куманово, особено пред буквата „К“) е во портокалова боја“,
„велосипедот, украден од лицето М.Д., е виден на пазарот за стари работи, т.н. бувљак, во раните утрински часови, непрепознатлив поради врзаниот петел на задното тркало“,
„се роди кумановската Грета која веднаш откако излезе од утробата проговори – студено е бидејќи е глобално стоплено“,
„новиот член на партиципативното општинско тело изјави дека кој сака да е често во право, мора постојано да го менува мислењето“.
Почитувани шетачи низ нашиот Плоштад,
Редакцијата смета дека е подобро да ве болат нозете секој ден по малку, отколку да ве боли главата ако „скролате“ бесполезни информации од локалното (само)управување.
Имајте трпение со нас. Ние фаќаме залет.
Ви благодариме на вашата свест и основната ориентација во медиумскиот простор.
Новинарство е да се објави она што некој не сака да го знаете,останатото е пропаганда
ПЛОШТАД РЕДАКЦИЈА
Luxury Catering Service