Ниту една институција, не може да биде добра ако власта, во неа развива фундаментално слепило за потребите и проблемите на оние, за кои институцијата
постои. Од друга страна, секоја институција, а особено образовна, може да биде
добра, само доколку во неа влезат добри луѓе, со добри идеи за општо добро и
добри професионални компетенции.
Да, може, ама само ако се сака добро, функционално граѓанско
секојдневие. А зошто би си го менувале секојдневието? Нема потреба. Па баш
убаво сме си навикнати на горливи чувства преизвикани од невкусна политика,
или ти инструмент за јавно лажење со празна демагогија без доследност и
одговорност.
Чисто од навика, веќе не ни приметуваме дека секоја нова здружена
граѓанска иницијатива и/или граѓанска партија ни воведува и нов систем на
малограѓански аграрни тези за длабоко разорување на градските институции.
Веќе не ни обрнуваме внимание на тоа дека покровителите на образовни
институции, или ти „кадровици“ за сè и сешто во училиште, во секој аграрен
мандат, си личат ко јајце на јајце.
Психолошки профил – скоро идентичен, образование исто, задолжително –
неоформено и препознатливост по убедливо најселски фрази: „Знаеш ли ти, ја
колко високо котирам у општину?“ и „Ја сам најдобар другар на градоначалника и
ја одлучују кој и што ќе работи у школу.“
Оттука, сосема е очекувано тоа што имаат и сосема иста ранг листа на
покровителски „ѕвезди“, очекувања и однесувања:
1. Очекуваат дека учениците ќе израснат во општествено одговорни личности,
исклучиво со модели на невкусно избрани локални советници.
2. Прават „ѕвезди“ од емоционално попречени ликови кои немаат ниту
професионален авторитет, ниту кредибилитет и не заслужуваат почит од
својата фела.
3. Ги прогласуваат за успешни оние кои имаат јака покровителска врска, а
слаба перцепција за сложен систем, како што е на пример едно
функционално училиште.
4. Уверени се дека „ѕвездите“, комлетно задолжени кај покровителот ќе бидат
идеални, верни послушници, полтрони.
5. Кратковиди се за тоа дека „ѕвездите“ на полтронството од претходната
ставка имаат вроден инстинкт за промена на покровител во вистинско
време, на вистинско место. (Нешто слично на она со глувци и брод кој тоне.)
За воља на вистината, морам да посочам и неколку разлики: во различни
мандати, во различно расположение, различни луѓе, различно ги именуваат. Едни
ги викаат Добри(н)чини, а други Во(у)линчини. И за крај, нешто сосема лично: Лакрдијата со која се наметнува невкусот како неизбежно четиво и задолжителна пракса во училиштето е поголема единствено од онаа со која покровителот ја „моделира“ советничката листа.
Името и презимето на авторот познати на редакцијата.