5 песни
1. Танго Шоиќ
Танго Шоиќ е единствената песна што ја нарачувам кога одам во “библиотека“. Тоа е спој на аргентинската магија и лесковачкиот менталитет. Текстот е посебна, уникатна метафизика на балканската психологија, а изведувачот е автетичен пример на успешна личност со карактер на берберска столица. Препорачувам од срце.
2. Whole lotta love- Led Zeppelin
Песна во изведба на култната група Лед Цепелин. Уникатниот глас на Роберт Плант, со виртуозот на гитара, Џими Пејџ, заедно со Џон Пол Џонс и најдобриот тапанар на сите времиња, Џон Бонам – ја прават изведбата да ми биде една од најомилените. Песната ја чуствувам како “Жал за младост“ од Коштана на рокерски начин. Кога си рокер со ромска душа, емоциите ги препознаваш на поинаков начин.
3. Money, money – Billy Idol
Омилена песна на мојата ќеркичка Зоја. Класичен „дифолт“, мора да биде и моја. Верзијата од“ Live in New York“ ,клубски концерт од 2001 година, беше гаранција дека бебето Зоја ќе заспие без плачење.
4. Billie Jean- Michael Jackson
Омилена песна на мојата ќерка Таиса. Уште седн класичен дифолт.
5. Курвини синови- Азра
Џони Штулиќ ми е омилен лик. И сè во изведба на групата Азра ми се допаѓа. Едноставно сè.
5 филмови
1. Првото место го делат “Маратонци трчат почесен круг“ и “Радован Трети“. Делата на Душан Ковачевиќ. Заслужено на прво место на мојата листа е оној чие име никогаш не се спомнува залудно во светот на глумата. Мал, бркат и носат. Негова Екселенција – Зоран Радмиловиќ.
2. “Ја сум Маркус Десмус Мауридијус. Командант на Северна армија и генерал на Феликс легија. Верниот слуга на вистинскиот император, Марко Аурелије. Маж на убиена жена, татко на убиениот син, кој својата освета ќе ја најде на овој или оној свет.“ Тоа е реплика во “Гладијатор“ поради која го обожувам овој филм. Ако на тоа ја додадеме и последната сцена како генерал кој требал да стане император, но станал роб, па од роб гладијатор, кога смртно ранет издава наредби на римските сенатори, клекнат на колена, во песокот на Колосеум, тогаш овој филм дефинитивно е мој избор.
3. Кум. Филмот во режија на Франсис Форд Копола, снимен според истоимена книга на Марио Пузо. Омилен филм на председателот на Србија, Александар Вучиќ. Тогаш, кој сум јас, како верен слуга на Србија до Токија преко Милвокија, да не биде и мој омилен филм. Постои уште една причина зошто го сакам филмот “Кум“. Тоа е сцената кога Мајкл Корлеоне се среќава со зетот Карло, веднаш после крштевката на неговото дете. Разговорот тече вака: “Барцини е мртов. Исто и Филип Татаља. Страчи, Кунио, Мо Грин. Сите се мртви. Денеска ги средувам фамилијарните работи. Само не ми зборувај дека си невин. Не се плаши Карло. Дали мислиш дека од сопствената сестра би направил вдовица. Ја сум кум на твоето дете. Нема да бидеш во бизнисот. Тоа е твојата казна. Не ми ја навредувај интелигенцијата. Не си недолжен. Единствено сакам одговор кој ти пријде. Татаља или Барцини. Карло со наведната глава го зговара името Барцини……“Дали е потребно да наведам дека казна за Карло беше жица околу вратот, која ја стегаше верниот гангстер Клеменца или да потсетам на неговата нога во шофершајбната на небесно синиот кадилак…
4. Небесно царство. Филм во режија на Ридли Скот. Епска приказна за освојување на
Ерусалим од муслиманската војска предводена од Саладин. Филмот е снимен според
вистински настан, а имињата се историски автентични. Тоа е зачинот што дава прекрасен вкус на приказната. Инаку, Саладин е лик од историјата кого највеќе го почитувам. Војник и владател, кој со своите дела покажал дека моралните вредности и религиозни принципи се над секоја желба за моќ. На пример, кога крстоносците влегле во Ерусалим, според писмо испратено на папата Урбан Втори, три дена траел колеж на луѓето, а крв имало до колена на коњите. Кога Саладин ги руши ѕидините на Ерусалим, го вика Балијан од Ибелин и му предлага да се предаде. Освен тоа гарантира сигурен пат до Тир на сите кои сакаат да си одат, како и безбедност на тие што сакаат да останат. Тоа го прави единствено личност која го нашла Алах во самиот себе. Филмот го сакам поради таа сцена. Кога преговараат за Светиот град, бранителот Балијан го прашува Саладин колку вреди Ерусалим. Одговор на
Саладин е: “ Ништо. И сè.“
5. Остров. Руски филм во режија на Павел Лунгин. Приказна за монах во време на Советскиот Сојуз. Отецот Анатолиј, главниот лик во филмот, е ложач на јаглен во манастирот. Јуродивиот монах, благословен со Исусовата молитва, обдарен со дарови на пророштво и исцелување. Темата е длабоко религиозна и ја опишува суштината на верата. Според мое скромно мислење , филмот Остров е буквар за запознавање на православното христијанство.
5 книги
1. Мајстор и Маргарита. Ремек дело на Михаил Булгаков. Инспирација на Ролингстоунси за песната “Sympathy for the devil“. Во романот писателот креира атмосфера на неморална, бирократска, малограѓанска Москва, поцрна од самиот Луцифер. Додека персонификација на паднатиот ангел Воланд, спореден со останатите ликови, делува исправно и чесно. Булгаков осликува тотална дегенеризација на едно општество, во однос на прокламираните цели, опишувајќи ја пропаста на либералната фаза на руската револуција и доаѓање на Стаљин на власт. Мајстор и Маргарита е всушност приказна за нашата фаличност и човечката немоќ да ги разбере утописките учења. Кога размислувам за романот Мајстор и Маргарита го ставам на високо четврто место на книги што ги имам прочитано. Пред оваа дело се Библија, Куран и Илијада.
2. Источник на знаење. Авторот на книгата е Свети Јован Дамаскин. Сиријски монах кој живеел во Дамаск во 8-от век. Јован во својот живот се бавел со право, теологија,
филозофија и музика. Покрај теолошките книги напишал и химни кои и денеска се во
служби во православните манастири во целиот свет. Тој е светител заслужен за третата рака на чудотворната икона на Богородица “ Троеручица“ која се наоѓа во Хиландар на Светата гора. Неговото дело “Источник на знаење“ е книга каде можете да ги најдете сите одговори, на сите прашања. Доволно е да имате вера и чисто срце. Потребно е едноставно да прифатите дека Бог е центар на Универзумот. Во книгата се зборува од спасение на душата и исусовата молитва до поимите за времето и простор, кои со други зборови ги објаснува и Никола Тесла.
3. За самиот себе. Книга на Марко Аурелиј. Филозоф за себе и цезар за Римската
империја.Тој живеел и владеел во периодот кога царството полека започнува да го губи сјајот на епохалната сила, но од друга страна тоа е време кога интензивно протекуваат неговите филозофски мисли, засновани на стоичките принципи. Не знам што друго да напишам за книгата. Кога некој мангуп како Марко Аурелије ќе напише книжевно дело, не мора ни да ја читате. Мора да искажете почит. Случајно ја имам читано, и во модерен речник, можам да кажам само – лајк.
4. Раѓањето на трагедија од духот на музика. Дело на германскиот филозоф Фридрих Ниче. Ова е неговота прва објавена филозофска книга. Сржта на книгата е полемика за положбата на трагедијата во старогрчка уметност, нејзините корени од дионисијски ритуали, “убиството“ на Сократ и Еврипида и повторно раѓање во современата култура преку музичките драми на Рихард Вагнер. Инаку ова дело е најважна книга во животот на Џим Даглас Морисон, пеач на групата Дорс.
5. Прашки гробишта. Дело на Умберто Еко. Книгата е напишана во форма на фељтони, кои биле модерни во времето на 19-ти век. Поседува одлики на добар роман во продолженија. Во романот врие од неочекувани заплети, злобни и изопачени свештеници, езуити, масони, шпиуни, контрашпиуни, фалсификатори, атентатори, а тука се и сатанските миси и оргии. Интересно, сите ликови во романот се вистински личности. Единствено измислен лик е главниот јунак. Умберто Еко е лик кој просто го сакам.