Почетна МОЈАТА АЗБУКА МОЈАТА АЗБУКА Со Сашо Тодоровски

МОЈАТА АЗБУКА Со Сашо Тодоровски

Сашо Тодоровски директор на Центар за култура ,,Трајко Прокопиев” Куманово.

A

како Африка, континент кој во иднина би сакал да го посетам, континент
кој воодушевува со својата енергија и начинот на живот.

Б

како благодарност, збор кој многумина го имаме заборавено, а треба да
го употребуваме и искажуваме во многу ситуации.

Luxury Catering Service

В

како вистина, колку и да е непријатна понекогаш, потребно е да ја
знаеме за да може да функционираме и да знаеме како понатаму во животот.

Г

како галеб, птица која е симбол на слободата, убавината и пространството.

Д

како дом, место во кое сте најсигурни и најубаво се чувствувате.

Ѓ

како ѓеврек, мала закуска која секој од нас наутро ја има пробано.

Е

како еднаквост за секој и за сите.

Ж

како живот кој ни е даден и треба да го проживееме во склад со нашите
погледи спрема него.

З

здравје, кога го имаме се е полесно.

S

како sвезда која постојано сјае.

И

како иднина во која секогаш гледам и сакам да е поубава од секој
изминат ден.

Ј

како јоргован, дрво, цвеќе кое со својот прекрасен мирис наговестува
поубаво време.

К

како книга која секогаш и секаде може да ја понесете со себе за да
имате добро друштво.

Л

како лето, најубавото годишно време кога се чувствувам убаво и
опуштено.

Љ

како љубов, емоција која е потребно секој од нас да ја има и
почувствува.

М

како море, место кое лекува која ви дава сила, слобода, ви дава
енергија која не можете да ја почувствувате никаде на друго место.

Н

како ноќ, период од денот во кој креативноста е на највисоко ниво

Њ

како една убава буква од нашата азбука.

О

како Охрид, град во Македонија кој изобилува со убавини.

П

како пчела, инсект кој е едно од најблагородните суштества кои постојат на нашава планета.

Р

како расказ, кратка книжевна форма која уживам додека ја читам.

С

како слобода, збор на кој не му е потребно дополнително објаснување.

Т

како театар, местата во кои вистината се кажува јасно и гласно.

Ќ

како ќерамида

У

како учител, учителка, луѓето со кои прво се среќаваме во нашето образование и лицата кои оставаат траен белег со своето однесување кон нас.

Ф

како флејта, инструмент чија музика ме навраќа во некое бајковито
време.Х како хибискус, растение и цвет

Ц

како црешна, едно од моите омилени овошја

Ч

како чесност, човекот кој е чесен за мене секогаш е на највисокото ниво на моето почитување

Џ

како џагор, убав македонски збор кој сум го среќавал во повеќе романи напишани од нашите најистакнати автори.

Ш

како шах, игра која ја буди и развива интелегенцијата кај човекот.