Киро Солар сака да прикажува. А, богами, има и што. Генерација е на едни од најфраерските кумановци чии анегдоти се раскажуваат и денеска. И самиот со богато искуство, Киро несебично ги споделува животните приказни со и на Плоштад, и некогаш и сега. Браво за енергијата. Од денеска, еднаш неделно ќе се дружите со Киро Солар. Само на Плоштад.
Ќе чуете многу пати, кумановци на мои години кои “жалат” за старо Куманово. Ама не им вeрувајте.
Не жалат тие за Куманово од пред пет-шест години што може да се види само на пожолтените фотографии, туку, онака одртавени, си пекаат по нивната младост. За тоа ги боли газот, а не за таму некои исчезнати сокаци, стари куќи, нерамни калдрми, искривени капиџици.
Ниту сум доволно литературна (уметничка) душа, ниту научен историски работник, стручен за оценка на одредени сегменти од животот и амбиентот на некогашно Куманово.
На тој план им симнувам капа на авторитети од рангот на историчарот Миодраг Арсовски-Болто, на пример, или Димитар Масевски или бардот на кумановското новинарство Петар Трајковски. Или шегаџиите Киро Бабаружа, Трајко Пачков, Мица Домаќица и други, кои оставиле печатени трудови од минатото.
Јас пак, ваков како што ме дал Господ, обичен смртник, побарав од ценетиот уредник на локалниот весник “Плоштад” да ми го остапи ова мало ќоше за во десетина скромни продолженија, да си поплачам малку за мојата младост и патем, низ тие плачки да има кажам на читателите како јас го гледам некогашното Куманово. Згора на тоа, се надевам дека ќе поттикнам одредена дебата во т.н поширока кумановска јавност и други да кажат што имаат за нашето старо Куманово.
И ве молам, ќе ми дозволите “да плачам” во моиве писанија на чист кумановски ( мајчин јазик), заради поавтентично сликање на нашето заедничко минато. Па, еве, овако. Ја, млад, дете аџамија а татко стар, озбиљан и све некако п’њкаљив. С’с његови исто такој остарени и излапени другари све нешто мрмљав: фали ми те “Хотел Куманово”, те “Палас”, те “Ловац”.
Дан’с га боли душа за стару плажу у Градски парк, јутре за Студену воду у Доброшане и за Вруќу Воду у Проевце, па ќе закукав за некакве славне кумановске кафане и коњопои. Абре бог да чува. Што ги на овие стари дрдала – мислу си у себе, па продужују си да си терам детинлк.
Арно ама, година по година, обраќам се днска, к’т накекаја сам ги накуде сед’мдесет (Њекња ми беше роѓендан, части ги другари за шеесетидевет банке). Гледам се у огледало-пљукнат татко ми Боро на овеј моје године!
И не само тој, тики почна некако почесто да се фаќам у муабет дека ми фали “Кристал” хотел “Ку-ба”, ” 3 секунде” кино “Козјак” и “Напредак”.
Дан’с жалу за игранке у Гимназију и Соколану, јутре за мавачке по Багрем бању и шетачке по Корзо.
Што да ти кажују-беља. Море Коки, ај ти не глуши и препрашај се: жалиш ли ти за некое старо Куманово, ели за нешто друго? Па, да ти кажу, све ми се чини дека другото е ќе у прашање.
Жал за старо Куманово, ама повише жал за пусту младост, за другари и девојке, за “тате носи, мама меси”
ПРОДУЖУЕ…