Пред повеќе од десет години тогашниот уредник направи остар старт за кој се добива жолт картон. Остриот старт беше врз навивачите на Партизан кои вратија со писмо кое личи на старт со две нозе за кој се добива директен црвен картон.
Да се потестиме.
Објавено на 24 Јануари 2014 година. Неделник ПЛОШТАД број 16
Првин дозволете ни да Ви честитаме на храброста во вакво тешко и комплексно време да се зафатите со објавување на весник кој ќе го опсервира нашето кумановско секојдневие на искрен, објективен и аналитички начин.
Непосреден повод за оваа неше писмо се два уводника во Вашиот ценет весник во кои наведувате дека за Партизан навиваат оние кои биле излажани кога биле мали и оние кои направиле грешка.
Не треба да си Фројд, драг пријателе, за да знаеш дека оние кои се излажани и кои направиле грешка додека биле мали, кога ќе сфатат дека направиле грешка, се исфрустрирани, огорчени и разочарани.
„Кој е партизановец, не му треба уште многу за да биде среќен“, Душко Радовиќ
За Ваша информација, сите ние кои сме „излажани“ како мали и кои сме „направиле грешка“, сме горди луѓе, исполнети луѓе кои уште мали развиле една карактерна особина. Уште тогаш сме ја откриле вистинската, единствената ЉУБОВ во нашиoт живот. Љубовта може да не издаде, разочара, предаде и повторно секогаш да и се враќаме со иста страст, желба и верност, а тоа е Партизан.
Како што има кажано погоре спомнатиот поет, писател и навивач: „Не секогаш е лесно, ама секогаш е убаво да си навивач на Партизан“. Ние го помниме Фљамуртари и Славиа ( а вие Бари де, знаеме ), не ни е проблем што сме формирани во Загреб, ниту што сме „туѓмановци“. Горди сме на Вокри, Јусуфи и Прекази. Ќе го цитирам повторно истиот автор:„Партизан се сака, за другите се навива“.
Го помниме и Хејсел, 1966 во Брисел, а современици сме на Истанбул, Њукасл и Андерлехт. Ако не ви е јасно за што зборуваме, тоа се градови кои со златни букви се запишани во срцето на секој партизановец. Ако сеуште не ви е јасно, дојдете, знаете во кој кафиќ во Гарнизон, пролетва. Играат најдобрите 16 екипи во фудбал и кошарка во Европа. Наш Партизан игра пријателе лига на шампиони во кошарка. Седнете со нас излажаните, ти гарантираме убав провод а можете и на научите нешто што го нема на сајтот кој најчесто го следите www.zivimo u proslosti.czbg.
Ќе дознаете дека ФК Партизан го има одиграно првиот првиот натпревар во историјата на тогашниот куп (сега лига) на шампиони во Лисабон со Спортинг. За кошарката да не зборуваме, дека е најтрофеен ватерполо клуб во Европа и дека е европски и светски првак во борење. Ќе слушнеш од прва рака кој е Манце, Чава Димитријевиќ (најголем боем меѓу фудбалерите или најголем фудбалер меѓу боемите). Сале Илиќ, Бобек, Галиќ, Ковачевиќ, Милутиновиќ и ред други, но најбитно, ќе сфатите, дека иако сме на ист рид, два различити света сме.
Навивање за Партизан е филозофски поглед на свет, став, принцип и начин на живот. Како што би рекле ние: „Ние навиваме за Партизан пред се затоа што го сакаме, а потоа затоа што е најдобар“. Можеш да дојдеш во црно белиот- свет и да слушнете како се шверцувавме по возови, како бегавме од дома, од училиште, да го гледаме нашиот Партизан насекаде низ екс-Југославија и надвор. Никогаш не сме биле повеќе, не е привилегија да си дел од маса, тешко е да си авангарда.
Заедно одевме со нашите другари кои како тебе навиваа за државниот проект. Го делевме последниот денар (тогаш динар), последниот залак леб, салама и голтка ракија. Враќањето беше потешко, посебно за нас (во 90-те редовно губевме). Никогаш немавме меѓусебни конфликти, напротив, се штитевме едни со други, но Генераштабот ваш не знае за тие времиња и не ги признава. Затоа сега се случуваат тажни работи меѓу навивачите за кои не би сакале да зборуваме.
Срдeчен поздрав
Твои „Партизановци“