Почетна КОЛУМНИ Сушење на македонското мочуриште

Сушење на македонското мочуриште

Македонија е дебело заглавена во мрежата на криминалот и корупцијата. Секој сегмент од животот, тргнувајќи од политиката, здравството, па сè до економијата е контаминиран и претставува заложник на конструкции во општеството создадени од крадење, злоупотреба на власта, самоволие на центрите на моќ, непотизам, кронизам и корупција. Општата доминација на криминалната свест  го дроби јавниот морал и генерира системски девијации,  во најголем дел менаџирани од корумпираната политичка номенклатура во државата. Демократска свест што ги почитува законите и води сметка за јавниот интерес е потисната од лукративноста и корпоративната логика на најголем дел од политичката, интелектуалната и бизнис елита во Македонија.

Ваквата токсична средина последниве години продуцира политика сокатастрофални последици во сите сфери. Очигледно е дека санирањето на штетите, какои процесот на обнова, ќе траат со години. Една од многуте последици ги гледаме деновие околу проблемите соважењето на личните документи. Најпрвин во државата од 2017 година, на нелегален и насилнички начин се наметна корумпирана, неспособна и антимакедонска власткоја прифати промена на име, идентитет и историја на македонскиот народ, а како награда доби комоција да го крене криминалот и корупцијата на историски највисоко ниво. Потоа како резултат на разни коруптивно-тендерски недоразбирања, а пред сé,на сопствената неспособност, ги затворија сопствените граѓани во државата кои добар дел од нив имаат неодложна потреба за патување во странство. На понижувањата им нема крај, посебно ова последното кога граѓаните се приморани да молат и чекаат на ред за да им биде удрен жигот на „Северна” бидејќи тоа е единствениот начин за да можат да се движат слободно надвор од државата.

По смирувањето на симптомите, за исцелување намакедонскиот организам ќе мора дефинитивно да се искоренат изворите на сите проблеми, односно ќе мора темелно да се исуши македонското мочуриште. Добро е да се потсетиме дека не случајно за неговото сушење во многу наврати беше дискутирано и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во пресрет на парламентарните избори неопходно е да се реафирмира важноста на оваа операција. Реална проценка е дека таа сигурно ќе се случи, затоа штосите испитувања на јавното мислење водат кон заклучокот дека после парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат главен столб на новата извршна власт во Македонија.

Luxury Catering Service

Процесот на обнова на Македонија, во голем дел е детерминиранод развојот на човечки и системски капацитети за сушење на македонското мочуриште кое стана толку длабоко, што нè покри сите.Сéе потопено – судството, обвинителството, граѓанското општество, буквално сé! Речиси и да не остана институција, организација, група или јавна личност, кои колку-толку, успеале да го зачуваат сопствениот интегритет и углед, некакоегзистирајќи во рамките на општото сивило. Исклучоци секако дека има, но тие се дисперзирани и под изолација,служат единствено самоза да го потврдат правилото.

Оваа операција ќе биде многу тешка и исполнета со многу неизвесности. За воспоставување на демократијата и владеењето на правото нема да биде доволно само гласањето на 8 мај од страна на граѓаните и потоа враќање на секојдневните животни навики и проблеми. Неопходна е масовна поддршка и будност уште од првиот ден од конституирањето на новата Влада. Оваа борба е заедничка, и таа не е само против главните двигатели на корупцијата и криминалот, туку е и борба со самите нас и нашите слабости. Едно мало невнимание и опуштање лесно може да нè стави во прегратка на конформизмот поткрепен со малодушност и самоуништувачки цинизам, кои денеска заземаат епидемиолошки размери. Огромната поддршка од народот, критичкото опсервивање и јасната артикулација на волјата за коренити промени, ќе придонесат за општа еманципација и демонтажа на криминалните и коруптивни структури, инкорпорирани во целиот систем.

Дејан Ристов
политиколог

Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на ПЛОШТАД. Затоа ПЛОШТАД не сноси одоговорност за содржината на истите.