Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

Креативно име, брилијантна идеја, пркос сам по себе за сите оние скептици кои мислат дека Куманово нема (или нема доволно) читачка публика, пријатно место за одушка и литературна поткрепа – тоа е Букси, или како што во Плоштад веќе ги нарековме: лезет книжарница. Сопственичката, Марија Колевски, освен што има храброст да верува во силината на пишаниот збор, исто така, е великодушна, па за прочитаните книжевни дела ќе пишува токму тука, на Плоштад. А, вие бидете мангупи и читајте ги кратките рецензии токму во Букси. И додека сте таму, одберете еден од прекрасните подароци што ќе ви се најдат сигурно, не само за осми март.

“Планината си ти” од Бријана Вист е прекрасна книга која нè учи дека секоја пречка се наоѓа во нас самите, односно дека честопати сме навикнати сите наши сопки,падови и неуспеси да им ги припишуваме на надворешните фактори и токму тогаш кога се чувствуваме дека пред нас имаме да искачиме цела планина – осознаваме дека планината сме ние самите. Многу често се водиме кон самосаботажа, знаеме да се турнеме назад, да останеме во познатото, да не преземемe чекори кон остварувањe на нашите соништа – баш поради страв од неуспех, страв од непознато, страв од мислењето на другите.

Но, тој страв е во нашите глави, стравот е во нас – па затоа, токму и планината којашто треба да ја искачиме – сме ние самите. Книгата е поделена во делови, освестувајќи нè за нашите мисли, за делата и акциите во минатото, за нашата психолошка состојба во таа самосаботажа, а дури потоа за прифаќањето и помирувањето со нас самите; за малите навики што носат големи резултати, за освестувањето и за градењето подобро секојдневие.

Luxury Catering Service

Книгата е преполна со многу цитати, мноштво поуки и пораки кои што може да ги усвоите и применувате и со сигурност претставува книга што се чита повеќе од еднаш!

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.