Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

Се мислевте што да прочитате и тоа да биде поразлично од мистерија, романтична новела или социолошка драма?
Букси има предлог за вас.
Букси го има икигаито за сите нас.

Според Јапонците, сите имаат свое икигаи, или како што еден француски филозоф го има преведено – raison d’etre.

Некои го пронашле и се свесни, некои го носат во себе, но уште се несвесни за неговото постоење. Според жителите на Окинава, островот со највисок индекс на стогодишници во светот, икигаито е причина поради која се будиме наутро.

Luxury Catering Service

Филозофијата Икигаи е всушност умешност на вечната младост.

Еден ден од нашиот живот сите ќе дојдеме до фаза кога ќе си ги поставиме следниве прашања: Која е смислата на мојот живот? Дали е само додавање денови во моето постоење или имам позначајна мисија во светот? Зошто има личности кои знаат што сакаат и живеат со страст, додека другите страдаат во заблуда?

Икигаи или „среќата да се биде секогаш зафатен“ е почетната точка, а сите оние мали работи, сите „правила“, совети и лични искуства на жителите од селцето Огими се само низа на настани што водат до исполнет, среќен и долговечен живот.

А, ова се десетте правила на највозрасните жители на светот:

1. Биди секогаш активен
2. Само смирено
3. Не јади до прејадување
4. Опкружи се со добри пријатели
5. Влези во форма за твојот следен роденден
6. Смеј се
7. Поврзи се со природата
8. Заблагодарувај се
9. Живеј го моментот
10.Следи го своето икигаи

Дали доволно ве заинтригирав да ги дознаете тајните проткаени низ страниците на оваа моќна книга, што воедно е една од моите омилени?
Ве очекувам во Букси по истата!

Поздрав,

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.