Почетна МОИТЕ ТОП 5 МОИТЕ ТОП 5 со Силвана Бојковска

МОИТЕ ТОП 5 со Силвана Бојковска

Овонеделните рубрики „Мојата азбука“ и „Моите топ 5“ се резервирани за една шармантна дама, која освен што е врвен финансиски менаџер во успешната компанија „Мега“, остава и белег во книжевното творештво, како автор на книгата „Белег“ од 2015 година, но и како културолог и вљубеник во пишаната реч. Тоа е Силвана Бојковска – ексклузивно за Плоштад, со својата неизбежна смисла за хумор и непосредна комуникативност.

ФИЛМОВИ

1. „Остров“

од Павел Лунгин за мене е еден од најдобрите филмови. Филмот се одликува со мирна, ладна и длабока духовна атмосфера. Истовремено е извонредно интересен и доста сликовит. Приказна е за силата на молитвата,каењето и избавувањето од грев, за моќта на чистото срце. Сé додека сме нечисти, а тоа сме најчесто сите,некогаш, за жал,и во текот на целиот живот не ги забележуваме обичните луѓе. Можеби за нив мислиме дека се безначајни, понекогаш да ни изгледаат и смешни или чудни, но тие се духовно поздрави зашто се со чисто срце.

2. „Боговите паднаа на теме“

Luxury Catering Service

Безвременска комедија која го отсликува животот на Бушманите од Јужна Африка. Филмот е режиран од Јужноафриканецот Jamieju Uysu. Музиката и поголемиот дел од актерите се од Јужна Африка, а тоа е комбинација на симпатични ликови, оригинално (неодглумени)реакции, егзотични пејзажи на пустината Калахари, приказни во кои се слави пријателството,слободата. Овој филм ги исполнува во целост моите очекувања за добро расположение.

3. „Исцелител“

од Ѓорче Ставрески Македонски филм, семејна драма, црна комедија со дејствие што порачува дека сепак вреди да се живее. Приказна за момче од „Автокоманда“ и неговиот татко, болен од рак, кои можат да бидат кои било татко и син, од која и да е земја, во која луѓето од маргините се препуштени сами на себе. Топла и хумана, како тукушто испечен домашен колач.

4. „Под Сонцето на Тоскана“

Романтична драма што би можела да ја гледам секој ден, со мојот омилен лик Дајан Лејн. Во филмот се опишани сите етапи на животот низ убавините на тосканското село. Уредување на простор, начин на јадење, купување, тамошните традиции и навики – тоа се прикази на непрекината нота на звуците и радоста на секојдневниот живот. Описот на Италија е толку сликовит, што навистина ја направи Италија моја омилена дестинација.

5. „Одисеја“

Филмот ја раскажува приказната на грчкиот херој Одисеја
(Одисеј) во Тројанската војна и враќањето по низа авантуристички настани. Драматичен приказ на настани и хуманизација на јуначката сага. Филмот е работен по историскиот Хомеров еп. На овој еп се темели и целокупната грчка поетика затоа што за првпат усмената форма преминува во пишана.

КНИГИ

1. „Умешноста на војувањето“

е една од најценетите и највлијателни книги, напишана пред повеќе од 2.000 години од еден мистериозен војник-филозоф. Непобедливост,победа без борба, добивање на несовладлива моќ која произлегува од разбирање на физика, политика, психологија, се придобивки кои треба да се предност против противниците и во салата за состаноци. Корисни совети за менаџирање. Сун Цу прави превод и го осовременува овој важен кинески запис. Во него нема ниеден магловит и нејасен совет. Борба и живот се случуваат во исто време. Затоа е најдобро да се победи без борба.

2. “Последниот Христијанин“

од Исидора Бјелица. Чудесен роман за верата, љубовта и иднината. Во позиција кога смртта е неизбежна, многумина се свртуваат кон верата како единствен исход и надеж. Но што ќе се случи во блиска иднина кога ќе се освои вечниот живот, кога смртта нема да биде нужен исход на нашата земска егзистенција? Што ќе биде, кога наспроти вечното страдање во паднатиот свет ќе го имаме изборот на верата? Кога смртта ќе биде работа на избор, колкумина ќе бидат оние што се подготвени да умрат за Христа?

3. “Мулен Руж”

од Пјер Ла Мир Роман за животот на Анри де Тулуз–Лотрек, прочуениот француски сликар. Возбудлива приказна за славата и богатството кои не можат да го надоместат она по кое секој човек копнее-љубовта. Книгата го овековечува веселиот, раскалашен живот на декадентниот Париз на крајот од 19 век и неговото наличје – бедното население на Монматар.

4. “Баба”

од Луан Старова Луан Старова е прозаист со големо меѓународно реноме и еден од најзначајните книжевни автори, како на македонски така и на албански јазик, го разбира и систематски го истражува феноменот на вечната човекова подвоеност, условно кажано – помеѓу небото и
земјата. Инспириран од ликот на жената ќе каже: Жената е единствениот и пресуден фактор што овозможува поврзување на луѓето, и тоа на сите нивоа од семејството како интимна заедница до соработка и поврзување на големите култури и цивилизации.

5. “Книга на тајните”

од Дипак Чопра Оваа е книга е за акумулираната мудрост во текот на на животот на еден духовен мислител од нашето доба. Секој живот е книга на тајни, спремна за отварање и откривање на скриените димензиина нашиот живот: Кој сум јас? Од каде доаѓам? Зошто сум овде?

Песни

Песната „Заветна“, напишана од Ѓорѓи Барбаровски, освен своја оригинална верзија, има и многу други, а една од најубавите ја снимија Андријана Јаневска и Игор Дурловски. Ваква песна никогш не треба да биде заборавена
и треба да се пренесува од поколение на поколение.
Ема Чаплин „Spente le stele“ е музика што ме опушта и смирува.
„Пјеват ќемо што нам срце зна“ Амира Медуњанин
„Храбри људи“Габи Новак
„The name of the game“ ABBA