Почетна МОЈАТА АЗБУКА МОЈАТА АЗБУКА со Силвана Бојковска

МОЈАТА АЗБУКА со Силвана Бојковска

Овонеделните рубрики „Мојата азбука“ и „Моите топ 5“ се резервирани за една шармантна дама, која освен што е врвен финансиски менаџер во успешната компанија „Мега“, остава и белег во книжевното творештво, како автор на книгата „Белег“ од 2015 година, но и како културолог и вљубеник во пишаната реч. Тоа е Силвана Бојковска – ексклузивно за Плоштад, со својата неизбежна смисла за хумор и непосредна комуникативност.

А

Формира се единица за специјалну ситуацију, од 50+ генерацију.
И идемо пиперка од пазар. Миење, па на жар.
Ракиичка, кафе, скара, куќан савет заседава хируршки захват на пиперке кој ќе га прави, дилема, колко сол да се стави,
колко сата да се меша,зашто зејтин ако избие, после ништо не нè мие.
Пуцка дрвце, ќумбет боботи, до вечер све треба да се сработи.
На печен пипер цела маала мирише,с’с вруќо лепче тенџере се брише.
Борци за зимницу пазив на сваку ситницу.
Одма се пресече с’с очи он’ј кој најлон кесу нељупен пипер гу прескочи.
Дрвиш га столче, очи и ноге у икс, нема кикс.
За македонски кавијар-АЈВАР
Дружба се прави зимница се слави.
К’д се вредни руке сложив,тегле од ајвар се множив.

Б

Битка. Губењето на една битка или на сé она што сме го имале, ќе ни донесе моменти на тага, но кога тие моменти ќе поминат, ќе ја откриеме скриената сила што постои во секој од нас, а тоа ќе ја засили нашата самодоверба.

В

Време. Времето ми поминува многу побргу сега, отколку додека бев млада.

Luxury Catering Service

Г

Граница. Не ги сакам рамките што ме ограничиваат и упросечуваат. Сакам да ги поместувам границите во подрачјата во кои дејствувам.

Д

Дрма. У године сам к’д врат кичма, колена, све до прсти ме дрма.

Ѓ

Ѓон, Наместо ѓон бирам ОБРАЗ.

Е

Екологија.
“Кумановац не се замара,
његова еколошка свест одмара,
расфрљани флаше и отпад не му смета,
важно е никој у муабет да не га омета.
Ако кумановац е нервозан и прави галаму, значи не е бија у “Кумановску бању”.
На „Киселу воду“ на кумановци сви завидуев што си имав нерве куде да ги смируев ( дел  од песна од книгата „БЕЛЕГ“)

Ж

Живот. Без достоинство скапа е цена на животот, зошто достоинството на човекот ја брани душата да остане недопрена.

З

Зошто „Зошто да ползиш кога можеш да одиш“- Руми

S

Ѕвон, Секој ден ми одѕвонува синтагмата „Каде и да стоиш, биди душа на тоа место“.

И

Избор. Дали гласно да врескам или со смиреност да ги дочекувам плимата и осеката кои ми ги носи животот

Ј

Јазик. Го негувам македонскиот јазик. Негувањето на мајчиниот јазик, има и суштинско значење за зачувување на културата и националните особености.

К

„Кумановски белег“. Toa e моја интернет страница која има за цел да ги забележи културно-творечките продукции што градот ги создавал, ги поседувал во минатото, да ги издели автентичните културни облици со кои некогаш живеел, за да се даде своевиден поттик за повторно заживување на градот во духот на самосвојните традиции и да се содадат услови за натамошен, уште поголем економски и културен развој.

Л

Личност. Сакам да и правам ритуали кои ми прават весели содржини. Еден од ритуалите е и мој избор за личност на годината, личност со најголема емпатија, личност за најубав настан во годината, личност која ме инспирира

Љ

Љубов. Сé што ме научија моите родители денеска не важи ништо ни за мене, а камоли за моите деца. Останува само да им давам бескрајна љубов.

М

Минливост. Минливоста е услов да нашиот живот што го имаме, го почитуваме и сакаме.

Н

Наназад. Со годините доаѓаат и улогите на новото доба, кои се поинтересни од младоста. Поради тоа трчање за младоста патот е наназад, а животот оди нанапред.

Њ

Њоки, А,не не, јуфките се моите омилени македонски тестенини. Традиционален неделен семеен доручек.

О

Одмор. Мал одмор, за мене вечност.

П

Празник. Песна,поезија, вино – празник е за мене.

Р

Раѓање. Родени сме да придонесеме нешто, да додадеме некаква вредност на овој свет.

С

Сон. Сонувам за камин, снег, чај и еден цел ден поминат во пижами.

Т

Тврдина. Градам своја тврдина на среќа која ја бранам ден и ноќ.

Ќ

Ќутење. Слушањето е најважна комуникациска вештина. Со слушање покажуваме промисленост, емпатија и ангажираност на луѓето околу себе. Дури после тоа можам да комуницирам искрено и отворено и за добрите и лошите вести и тоа ми отвара широк пат за мотивација на луѓето и освојување на нивната доверба.

У

Учење.Н ајважната лекција што ја научив е дека сите мои искушенија се основа за мојот напредок.

Ф

Фотографија. Визуелните уметнички активности ми ја развиваат убавата моторика и ми го подигнуваат расположението.

Х

Холизам. Оддржување на здравјето како рамнотежа на ментална, емоционална, духовна и физичка поврзаност во состојба на целовитост.

Ц

Цел. Секогаш мојата цел е љубовта и благодарност за животот.

Ч

Чеп. Чеп за уши, за уста. На уста капак,мозак раат.

Џ

Џабе. Сé што е добиено за џабе е најскапо. Тој збор го имам избришано од мојот речник.

Ш

Шкорпија. Длабоки, страсни, продорни, моќни, со јака волја, со самоконтрола, мистериозни, темелни