Никола Лазаровски советник од Совет на Општина Куманово
Левица за претседателски кандидат ја има г-ѓа Билјана Ванковска, го има и
професорот Апасиев во Парламентот – елоквентни „сколари“, активисти, автори на научни трудови. Левица има и по некој гласноговорник во општинските Совети.
Ја има младината на своја страна. Го има и потребниот „savoir faire” за
изборната кампања, ако се репер социјалните мрежи. Што нема
Левица, особено во Куманово, а треба да го добие на претстојните
парламентарни избори?
Политичката партија Левица е партија која што ја има потребната идеологија и политика што е неопходна, како за Куманово, така и за целата Република.
Имено, се бориме да изградиме општество во кое власта ќе му служи на народот, наместо сегашното, во кое народот е слуга на властодршците и елитите. Се залагаме за систем што интересите на народот ќе ги стави пред интересите на елитите. Се бориме за институции кои ќе бидат некорумпирани, праведни, одговорни и блиски до народот. Се противиме на клиентелизмот кој е навлезен во сите пори на нашето општество.
Тука исто би ставил огромен акцент на левиот патриотизам кој што историски добро е познат, особено на кумановци, што би го окарактеризирал со обединување на сите работници во Куманово и Македонија, без разлика на нивната етничка припаднист, а со цел оформување т.е. создавање на услови за класно обединување кое би било нужно за ослободување од стегите на капитализмот и инперијализмот.
Во контекст на вашето прашање, и во целата држава и во Куманово политичките елити и нивните лидери, кои што 30 и кусур години ја држат државата во бездна, меѓу народот се познати како „биро за вработување”, е па благодарение на Левица и баукот кој што изминативе години кружи – тоа ќе го нема. Исто така, во моментот кога на македонската политичка сцена се формираат политички партии и движења без никаква идеологија и врз база на лажен патриотизам со лидери за еднократна употреба и „патроти на батерии”, Левица е единствената опција за која треба да се даде гласот и да не се ситни отпорот, бидејки без идеологија и силна борба нема промена. Она што во моментот на Куманово му недостига е и борбата за социјалистичка култура, која што благодарение на Левица, црвениот бран и модерниот социјализам полека се враќа и тоа токму низ младите генерации, што, искрено, многу ме радува.
Политичката партија Левица ќе застане против меѓуетничките бариери и тензии и, како над-етничка партија, ќе работи на обединување на народот на социјална и национална основа, како и против неговото сегрегирање по етничка основа, а ова особено би го потенцирал бидејки Куманово е мултиетничка средина.
Она што политичката партија Левица треба да го добие на претстојните парламентарни избори е самата таа промена од корен во нашиот трул систем и труло општество и таа промена ќе ја добие народот кој што верува во политиките на Левица и искрено ќе сфати дека во ова време е потребна промена, а не замена на политичките субјекти!
Подобро општество е неопходно.
Подобро општество е можно.
ЌЕ ПОБЕДИМЕ!