Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

Можеби „озлогласената“ комфор зона понекогаш е токму таму каде што треба да бидеме. Не секогаш сме подготвени да го разбудиме детето во нас. А, тоа, пак, сонува ли, сонува! Марија Колевски од Букси за вас подготви кус осврт на книгата од Коста Петров: „Сé што би сакал да знаев порано“. Ех, желба број еден на секој човек – да се врати времето, а да ми е овој памет. Не пропуштајте!

„Сé што би сакал да знаев порано“  Ова е книга која претставува целосно заокружување на сите научени лекции, испишани во сите претходни книги на авторот Коста Петров. Автор, кој со својот лесен и прифатлив стил на пишување, истовремено мотивира и освестува, за сето она што сме, што сме биле и што би сакале да бидеме. Откривајќи огромен дел од својот живот, овој пат Петров книгата ја посветува на детето во себе.

Сите ние имаме едно дете во нас, кое чека да биде слушнато. Дете, чии можеби желби целиот наш „возрасен живот“ се обидуваме да ги оствариме, несвесни за она што навистина сме. Тоа малечко дете во нас нè учи да сонуваме големи соништа, но можеби периодот на детството за голем дел од нас е период кога сме биле неслушнати, па затоа денес, треба да се запрашаме чии соништа досонуваме.

Понекогаш, доаѓаме во фаза кога сакаме некој друг да обвиниме за нашата состојба, да впериме прст, да си олесниме, но, она што треба да го научиме е дека минатото не можеме да го избришеме, туку потребно е да го прифатиме со огромна благодарност, за секоја една лекција. Е дури тогаш може да кажеме дека сме ослободени, дури тогаш можеме да продолжиме напред.

Luxury Catering Service

Книгата нуди безброј лекции, опфатени и обработени толку убаво, што ќе ве тера да им се навраќате одново. Понекогаш не е потребно да следиме туѓи примери, понекогаш и комфор зоната е токму каде треба да бидеме, понекогаш не сме подготвени за следниот голем чекор и тоа е во ред, сé додека свесно го знаеме и прифаќаме истото. Дури и откажувањето е опција, дури и прифаќањето на нештата, дури и земањето одмор…баш  тука е и моќта на таа љубов кон себе. Моќта да знаеме кога да кажеме не, доста е, ок е, не сега.

Понекогаш големите лекции се кријат во некои мали одлуки. На нас останува да ги откриеме.

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.