Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

Доколку сте за книга која што е лесна за читање, а воедно и книга која ќе ве мотивира, ќе ве инспирира и ќе ве натера да направите промена – ова е токму таа книга. Една од моите омилени книги, која беше и главната причина за преземањето конкретна акција за отварањето на “Booksy”.

Без разлика дали сакате да откриете нови начини за решавање на предизвиците во она што го работите, или да напишете нешто, или да се обидете да бидете креативни во некоја уметност, или едноставно, сакате секојдневно да живеете со поголема свесност и страст – оваа книга ќе ви го отвори светот на чудата и среќата. Книгата е лично искуство на самата авторка Елизабет Гилберт, која во неа ги анализира ставовите, навиките и пристапите кои ни се потребни да живееме покреативен живот; книга во која преку лично искуство ни раскажува како една нејзина идеја за книга ѝ била „украдена“ од друга писателка, со која воопшто не се ни познавале, и која живее дури на другата страна од светот.

Кога ќе ни се појави некоја извонредна идеја, идеја која нè тера да се разбудиме од сон, која ни се врти во мислите многу често, која ни предизвикува и страв и возбуда и несигурност – знајте дека таа идеја не е само наша! Тоа е идеја што во исто време се појавува кај многу личности и само бара да биде реализирана! И, доколку ние не сме подготвени да преземеме конкретна акција, идејата пополека ќе нè напушти и ќе замине кај друг, некој кој е подготвен да ја оствари сега и веднаш! И тогаш, кога ќе видиме нешто на кое сме се сетиле прво ние – како го реализира некој друг – ќе помислиме дека идејата ни е украдена! Но, всушност – тоа е само нашата комфор зона која останала ненапуштена, наша идеја која останала само затурена, оставена за некое друго време, а сега е реалност на некој друг!

Luxury Catering Service

Оваа книга ќе ве натера да тргнете во остварување на своите соништа и ќе ве натера да поверувате дека сé е возможно!

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.