Леонард Кааге, лидерот на бендот Errorr, ја искористи можноста да започне да создава на празно платно со сопствена инструментација, продукција и аранжмани во 2019 година. Првите демо снимки беа развиени во неговото студио, секогаш кога наоѓаше време помеѓу работа на снимање и турнеи во Европа, Азија и САД. По неколку месеци карактеристичниот звук на Errorr го најде својот облик: гласни гитари и фазиран бас поддржани од привлечни ритмови на тапани. Мекиот глас на Леонард го пресекува моќниот „Ѕид на звукот“ и го трансформира прекрасниот „ноиз“ во поп. Шведскиот мултиинструменталист е познат и како продуцент и гитарист на The Underground Youth, и има работено со многу други бендови како The Brian Jonestown Massacre, Kristof Hahn (SWANS), Tess Parks, The Blue Angel Lounge и многу други…
На 11 март групата се претстави пред кумановската публика, во Кафе-бар Агора, заедно со останатите членови од бендот (Леонард Кааге – водечка гитара и вокали, Олга Карациоти – гитара, вокали, Дениел Чарлс Кендрик – тапани и Никола Линден – бас гитара).