Почетна МОДА И СТИЛ Пролетни чанти: Кои се петте најдобри трендови?

Пролетни чанти: Кои се петте најдобри трендови?

Кога станува збор за женски чанти, како најзначајни accessories, тие никогаш не се доволно на број. Од дамски луксузни до таканаречени скитнички, односно хобо торби, сите влегуваат во рамката на модерни стилови. Со завршување на зимата, односно со секое менување на сезона, најлесниот начин да се излезе од комфорната, пригодната, или пак здодеаната гардероба е да се купи нов модерен детал, а тоа е чанта.

Најдобро од сè, ако не можете да одлучите кој клучен тренд за чанти да го искористите, е да одите според таканареченото „слојување на торбите“ .

Според Ниа Дејвис, дизајнерка на брендот за чанти и додатоци на Fiorelli, за оваа пролет, главна фора ќе е трендот на двојни чанти.

Luxury Catering Service

Според неа, за да го совладате трендот, треба да се одлучите за таканаречени мини торби кои се со средна или мала големина, какви што се црните торби. Добро би било тие да се со дизајнерско лого, но тоа не е примарно. И, како што појаснува, да се спојат тие мини торби со торбите за преку рамо, како дополнување на материјалот, бојата или формата на торбата.

Еве примери за она што пролетва ќе е тренд…

1. Дамско рамо

Со ненаметливиот тивок луксуз кој сè уште е во центарот на внимание и пастелните нијанси кои се клучни за дизајнерските колекции, не можете да погрешите доколку се определите за долговечната чанта за на рамо во неутрална нијанса, боја на праска или розова боја. „Пролетта делува како смирувачко и покачено чистење на палети пред да пристигне новата летна сезона“, вели Зизи Хил, директор за дизајн на Radley. И како што истакнува таа: „Слоевитата кожа, велурите од кадифе и плишаниот антилоп, како и вештачката змија и крокодил, дават димензија и луксуз“.

2. Елегантни горни рачки

Чантите со горна рачка имаат едноставна и безвременска силуета и сигурно ќе бидат хит оваа пролет. Совршени се за ненаметлив и шик стајлинг и можат да се носат на повеќе начини, во зависност од приликата. Оваа сезона, деталите остануваат на ваш избор, оставајќи простор за лично изразување. Без разлика дали ќе одберете разиграни бои или префинети детали, како што се уникатните рачки, класичниот стил повторно ќе биде тренд и шик.

3. Полумесечина

Чантите со облик на полумесечина се тука за тука и да останат. Нив со нетрпение очекуваме да ги носиме, или да ги држиме  во раце. Тие се главно во посветли бои и од лесни материјали во месеците што следат. Според Томасин Џордан, која е директор за дизајн и производи на LK Bennett, оваа чанта станала еден од најпродавани стилови, и тоа во време кога продолжува трендот на чанти кои се носат попречно на тело, препорачувајчи ја новата темна розова боја за оваа сезона. И Риа Кембел, шеф на Односи со јавност на команијата Monsoon, вели дека побарувачката за чантите – полумесечина е зголемена. Тие го промовираат овој модел како комбинација со новите чанти кои се носат попреку на тело во светло црвена боја. Тоа е „шик инвестиција во безвременските асесоари, кој ветува дека ќе ги издржи брановите на модата што постојано се менуваат“, смета Кембел.

4. Slouchy hobo/ скитник чанта

Според Ниа Дејвис, исто така и скитачките чанти ќе бидат една од најмодерните форми за носење оваа сезона, бидејќи преголемите торби се префрлија во нова насока. Дизајнирани да се полнат и да се закачат преку рамо, овие чанти без напор можат да го вклопат целиот ваш живот во нив, што ги прави практичен избор за секојдневна употреба. Тие се во максималистички димензии, во стилот на – колку поголемо, толку подобро.

5. Ткаени чанти

Надоврзувајќи се на трендот на чанти за кошници, ткаените, плетените и во рафија стиловите чанти, навистина делуваат возбудливо бидејчи делуваат како сет за гарнитури. Асоцираат и на бегства на плажа. „Ваквите чанти во ткаен стил ќе бидат попопуларни од кога било оваа сезона. Постојат многу варијации на ткаени чанти, од структурирани чанти за кошници, дизајни на јаже и детали од плетена рачка. Дизајните од слама, кожа, јаже и рафија се прилагодени на овој тренд“, нагласува Ниа Дејвис.

   

Р.П.