Почетна РЕТРО Триесетгодишна традиција на кумановскиот музички симбол – „Октет Куманово“

Триесетгодишна традиција на кумановскиот музички симбол – „Октет Куманово“

РЕОБЈАВА

Сплотеноста и ентузијазмот кон музиката ни овозможија успешна кариера

„Октет Куманово“ е музичката гордост на нашиот град која веќе три децении ја претставува креативноста и посветеноста на едно успешно музичко прикажување. Елегантни изведби, карактеристични песни со традиционално значење и посветеност на членовите направи квалитетен музички состав. Разговор со еден од членовиrе на октетот Нино Величковски.

Почетоците и создавањето на „Октет Куманово”

– Во секој случај ако говориме за традиција на музички план, Куманово е град со музичка традиција. Сигурно дека постојат корени кои се основа за музичката дејност на Куманово. Тоа е делото и творењето на една маркантна музичка личност, покојниот Трајко Прокопиев, кој остави белег на музика воопштo. Нашиот град има традиција во хорско пеење, кое подоцна го надгради и продолжи, голема музичка личност, компoзитор, продуцент аранжер, раководител на „Октет Куманово“, Миодраг Божиновски-Мичо, кој, за жал, не е меѓу нас. Тој е татко, творецот и основачот. На 19 септември 1983 година се формира „Октет Куманово“ под иницијатива на тогашниот директор на музичка школа Бранислав Трајковски, мојот колега Павле Илиевски и Миодраг Божиновски. Тие се идејните творци – објаснува еден од членовите на октетот Нино Величковски.

Првиот состав кој се појави беше со тенорите Петар Николовски и покојниот Паскал Насковски, втор тенор Славчо Алексиевски, Пачковски Кирил, баритони Трајко Крстевски и јас, бас Момчило Бошковски и Павле Илиевски. Тоа е првиот состав формиран во музичкото училиште „Панче Пешев“. Таму е родена идејата и таму се одржуваа пробите кои беа подготовка за музичките настапи и гостувања.

Успешно музичко творење цели три децении

-Минатата година навршија 30 години од нашата кариера и егзистрирање на македонската фолк-сцена. Тоа е еден голем период, едно возвишено чувство кое беше видно забележано од луѓето, тие беа сведоци на целокупниот тек на нашата кариера. Почнувајќи од лонг-плеј плочи, преку цд изданија, касети и 250 песни кои беа подготвени за продукцијата на Македонска телевизија. На почетокот од музичкото делување октетот своите музички изданија ги реализираше во продукцијата на МРТ, а со тоа ја имаше и можноста да се опее кумановското културно – музичко подрачје.

Luxury Catering Service

– Можеме да се гордееме со фактот колку песни обработивме и создадовме заедно со нашиот композитор, легендарниот Миодраг Божиновски-Мичо кој аранжмански ги обработуваше сите наши песни и имаше позитивен однос на нашето музичко усовршување, кажува Величковски. Тој додава дека односот кон октетот е внимателен и многу одговорен и се негyва со години, така што успесите се награда за посветеноста. Беспрекорната работа била организирана со помош на книги во кои се водела евиденција на настани и нивен тек, која и ден денес стои во фонотеката на МРТ.

Стартот на музичката фаза

– Ние бевме меѓу првите кои имаат направено лонг-плеј плочи. Почетоци беа ентузијастички, со голема љубов стартувавме и воопшто не ни беше важен финансискиот момент. Сакавме да даруваме на градот, односно градот да ни овозможи простории каде ќе работиме, каде ќе создаваме нови музички вредности и нова музика. Тоа беше обработка на стари кумановски народни песни, композиции под палката на нашиот комопозитор Миодраг Божиновски- Мичо. Навистина беше трпелив со нас, првите песни по 5-6 месеци меѓу први настапи во Охрид -Охридски староградски средби. Пред тоа имавме квалификации во универзална сала за да се квалификуваме на фестивалот во далечната 1984 година- објаснува Величковски. Тоа беше еден од први настапи на кои октетот имаше веќе подготвен репертоар кој се издвојуваше по својата музичка тематика.

Први музички изведби и присутност во медиумите

Меѓу први песни беше „Прошета се Јовка кумановка“, шегобијни, „Две невесте тикве брале“, „Ожени се, зароби се“, „Доце, Доце, мамин Доце“, тоа се песни кои ги обработивме тематски, кои се препознатливи за нашето кумановско културно подрачје.

– Тоа беше време на една широка фаза за нашето претставување, бевме многу активни во јавноста и немаше емисија каде не се појавувавме. Октетот беше присутен на националната телевизија во емисијата „Пејам да те натпејам“ која се појавуваше во серијали, така што повеќегласното пеење беше интересно за народот и мноry прифатливо. Различни карактери на повеќе личности претставуваа еден организам кој функционираше со една огромна љубов. Сите бевме пристрасни кон музиката и ја обожававме истата. Нашите заеднички моменти беа дел од едно искрено и истрајно другарство, кое беше основа за сите успеси кои се појавија – кажува Величковски. Тој истакнува дека долгогодишната соработка не би опстанала да го немаше компактното делување.

– Ние имавме евиденција на редовост на сите наши проби, бевме професионалци. Таа наша волја и ентузијазам беа постојани за давање на придонес во музиката, која успешно беше прифатена и поттикната од сплотеноста која ја имаше октетот. Имавме една мала пауза, но се возобнови со помош на Општината и така продолжи нашето функционирање, кажа Величковски. „Октет Куманово“ се уште постои, не толку редовно, но сепак има одредени проекти, снимање на песни и појава на некој фестивал.

– Активни сме во зависност од ангажманот што го имаме. За тридецениското работење е значајна нашата хомогеност и истрајност. За сите овие години требаше да се направи добра организација сите наши обврски за да имаме успешно и долгогодишното музичко претставување. При процесот на создавање, имавме и членови кои доагале како замена бидејќи имавме смртни случаи, а таа замена се Ристо Келешов, Милислав Стијановски, Раде Стојановски од „Октет Македонија“, Виктор Костовски и Ванчо Димитров..

Разговорот за музичката приказна на „Октет Куманово“ продолжува и во наредните неколку изданија.

Продолжува…

Објавено 17 Јануари 2014