И тогаш, тогаш пак ќе победи меѓународната поддршка и лобито кое секој од нив го има изградено на овој или оној начин, децении наназад, или на кумановски кажано: Запад ќе беди и никој нема да стави на профилну pray for Russia и никој нема да смее да га каже виц: фалија се Американац дека за само ед’н сат после избори куде њима се знае кој победија, Јапанац дека тој куде њима е познато за десет минута откако ќе се затворив кутије, док Македонац им се победнички насмеаја: ви сте гола вода, куде нас се тој знае два месеца пред избори!Приближувањето до избори во земја која се соочува со значителни предизвици како што се корупцијата, шверцот на мигранти, емиграцијата и јаловите обиди за реформација на судскиот систем бара повеќеслоен пристап за да се мотивираат луѓето да гласаат и да се постигнат позитивни промени.
Неизбежно е претстојните избори да бидат многу оспорувани и емотивно „набиени“. Евидентна е зголемената поларизација помеѓу главните политички партии и нивните фракции, секоја од нив нудејќи различни решенија за „проблемите“ на нашата земја. Токму затоа, одзивот на гласачите може да биде низок, поради разочарување од политичкиот систем, апатија или недостаток на доверба во изборниот процес.
Ајде да ги набљудуваме изборите од локална перспектива, со многу кумановци „во игра“, со луѓе кои или одамна се во политиката, а погрешно биле брифирани од „свои луѓе“ за тоа дека царот е гол, или од „нови, млади сили“ (да не речеме, сепак, Титови), кои не можат да состават ни саглам пи ар состав околу себе и кои, исто така, ризикуваат да им биде соопштено дека царот е во најубавото руво, кога тој беси гениталии на Зебрњак.
Во СДСМ, општо е познато дека по фијаското на лицето З.З., кое започна со спектакуларното откривање на зделките на специјалното јавно обвинителство со осомничените од претходното „злосторничко здружување“ и сомнителни по сексуална ориентација Баленсијага типови – се поделија на социјал демократи по убедување и социјал демократи по наследени добра. Симптоматично е како сеуште имаат сила да се залажуваат дека се сплотени околу европската иднина, небаре тоа им е сламката за спас не само за овие избори, туку и реторика за „братство и единство“ и толку посакуваната „победничка“ атмосфера низ штабовите кои единствено се разликуваат по бојата на балони. А, балоните се надувани уште кога решија да ги јакнат капацитетите со луѓе кои ни ја навредуваат интелигенцијата на секое ниво, поле, област, институционално делување. За сите нивни „разочарани“ што не добиле позиции, за оние кои се возљубени само кога пишуваат „толку е постот“ на објави од старомоден начин на комуникација со своите членови – само да не се сети некој да им каже: „куче што еде маст, еде и стап“.
Во ВМРО-ДПМНЕ, кога станува збор за наше Куманово, не се покажа дека му веруваат на својот лидер, барем не доволно да го поддржат неговиот избор за идниот парламентарен состав. Работата оди до таму, што во кумановското крило се шпекулира дека ако повторно им е carte blanche сегашниот парламентарец, ќе апстинираат од избори. Евентуално ќе го подржат движењето Знам. Колку има моќ нивното раководство да ги убеди сопствените „закоравени“ гласачи во квалитетот на својот кадар, ако се земе предвид работата на нивните советници за кои е престиж ако градоначалникот асфалтира улица во населбата Иго Тричковиќ, останува да „нагаѓаме“ спрема наративот што го користат во текот на кампањата. А, тој, останува непроменет: доаѓаат промени, Груевски е болно минато, да се свртиме кон иднината што не е нужно европска, но можете сите да ја замислувате и да копнеете по неа (за џабе не сте мераклије људи). Арно ама, електоратот во денешно време е поинформиран и поангажиран. Можеби сите не гледаат подкастови, но гледаат дека се користи најподлата тактика: „во нашите сеќавања засекогаш се сеќавањата“, „кога бевме ние, не беше вака“, „овие опустошија сé што ние заборавивме“. За сите нивни Љубевци и љубени по течението на Пчиња, само да не биде „на пупуњка г’з му смрдеја, а не гнездо“.
Во движењето Знам, доколку е вистина дека зад него стои таканаречениот манга кадар од времето на Црвенковски, ќе се наслушаме приказни за враќање на името, за братски добрососедски односи и кој кому е татко од браќата во стилот „мое и твое тепаше га наше“, за чесност и „нормалност“ на кандидатите, за штитење на „обичниот“ граѓанин, кој во време кога потрошувачката кошница е скоро илјада евра месечно, само за основни потреби, ќе биде прогласен за виновен што извадил бугарски пасош да прати пари за пакет интернет услуги на своето семејство и стратегии како да го вратиме назад, во наше Куманово, многу селфи сториња на ифтар вечери и кршење јајца додека косилицата за трева на викендиците е некаде во кадар, а ловечките кучиња послушно го донесуваат топчето на измачената рака од првоборецот во фамилијата. Нит’ левичари, нит’ десничари. Центристи па ич. Независни интелектуалци кои па ќе зависив од правилно изберен апаратчик. За сви њини Ја знам идеолози, на кои врх им е да се запослив по школе и јавни предузеќа, само да не биде „лако је туѓим органом коприве млатити“.
И тогаш, тогаш пак ќе победи меѓународната поддршка и лобито кое секој од нив го има изградено на овој или оној начин, децении наназад, или на кумановски кажано: Запад ќе беди и никој нема да стави на профилну pray for Russia и никој нема да смее да га каже виц: фалија се Американац дека за само ед’н сат после избори куде њима се знае кој победија, Јапанац дека тој куде њима е познато за десет минута откако ќе се затворив кутије, док Македонац им се победнички насмеаја: ви сте гола вода, куде нас се тој знае два месеца пред избори!
П.с. освен ако не сте заслепени од нечију лидерску харизму, слободно побивајте на Плоштад све погоре кажано, освен за клатење гениталије на Зебрњак. За тој сте и сами свесни дека си играв цупала сас нас. Од високо.
Р.П.