Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

Робин Шарма, „Калуѓерот што го продаде своето Ферари“

„Добрите луѓе постојано работат на себеси“
– Конфучие

Ова е само една од мислите кои може да ги најдете во книгата на Робин Шарма.

Luxury Catering Service

Воедно, книга која промени милиони животи.

Книгата е всушност приказна за Џулијан Ментал, врвен адвокат, кој поради својот неизбалансиран живот, е на раб на инфаркт пред преполна судница. И токму во тие моменти, кај секој се појавува делот на преиспитување, промена и превземање чекори за почнување на нешто ново и поинакво. Но, Џулијан, покрај својата физичка криза, доживува и духовна криза, па решава да тргне на едно интересно патување. Размислувањето за многу важни животни прашања, за сето она што следи, за сето она што е, запознавајќи се себеси одново и одново – запознава и една стара култура, открива моќен начин да го ослободи потенцијалот на својот ум, и да пронајде многу повеќе страст, мир и смисла во своето секојдневие.

Книгава ни нуди мешавина на Истокот и Западот, каде се сретнуваат и доаѓаат до судир строгоста, принципите, правилата, брзото темпо со мудроста, ослободувањето и отпуштањето. Доколку сакате преку инспиративна приказна да навлезете во мудроста на едноставното живеење и да го откриете животот на радоста, изобилството и страста, оваа книга е за вас!

Стилот на Робин Шарма преку приказна да пренесе длабока мудрост, поткрепена со факти, мудри мисли и цитати од многу познати мислители ќе ве натера да ги прочитате и сите следни негови книги.

Но, доколку ја немате прочитано оваа стара, а многу мудра книга – ви препорачувам да тргнете од тука!

Бидејќи, „Се што живее, не живее само, ниту пак живее само за себе“
– Вилијам Блејк

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.