Lucy Kruger & The Lost Boys е арт-поп, нежен ноиз бенд со седиште во Берлин.
Групата, предводена од фронтменката родена во Јужна Африка, Луси Кругер, создава музика полна со атмосфера и интензитет. Нивниот последен албум, „Heaving“, – висцерална и живописна колекција на песни – беше издаден минатиот април од Unique Records (EU) и Metropolis Records (САД). Во текот на последните три години, бендот издаде трилогија од албуми – „ Teen Tapes (for performing your stunts)“ (2022), „ Transit Tapes (for women who move furniture around) (2021)“ и „Sleeping Tapes for Some Girls’ (2019), со кои беа на турнеја низ Германија и Европа, настапувајќи на фестивали како Rheeperbahn, Fusion Festival, Maifeld Derby, Wave-Gotik Treffen, South of Silence, Immergut, Left of The Dial и Synästhesie. Луси Кругер неодамна придонесе со вокали за најновите изданија на Swans, The Underground Youth и The Frank Popp Ensemble.
Бендот беше награден со Europavox Spotlight Prize во јуни 2023 година. Луси беше избрана да биде дел од иницијативата Keychange.
Keychange е предводен од Reeperbahn Festival во Германија, PRS Foundation во ОК и Musikcentrum Öst во Шведска и финансиран од Creative Europe.
Lucy Kruger & The Lost Boys моментално работат на нов албум. Тие ќе настапуваат на SXSW во Остин и на New Colossus во Њујорк во март 2024 година.