Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Водни тела“ – Ана Аврамовска

Книга што се чита во еден здив. Понесена од познатото, барајќи уште попознати описи, чувства, спомени, ќе се нурнете во она што не е ваше – а сепак, секој ќе се пронајде во некој дел.

Безимената протагонистка и писателка во сенка. од Сиднеј се враќа во родното Куманово, но наместо во градот каде очекува да ги најде спомените, се враќа во сивило, во тага, во нешто што натежнало во воздухот; дали е само смогот, туку притискаат и закопаните соништа, неисполнетите желби и пропаднатите планови?

Враќајќи се кај својата баба, дознава за некоја речна плажа, која што била белег на градот во минатото, па станува една нејзина опсесија да ја пронајде, да види што е тоа што толку будело радост во минатото – а сега никој не го гледа.

Заедно со своите другари од детство, заминуваат во потрага по изворот на водата, несвесно барајќи го и сопствениот извор.

Luxury Catering Service

Што значи да се биде и колку сме изградени од она што било?

Дали човекот е растреперен бран и вода која е де во прилив, де во одлив?

Какви се водните тела?

„Дали соништата се вистина, дали самовилите постојат или не – тоа се прашања кои мене лично не ме засегаат. Секако дека на некој начин сонот и сето ова што ми се случи е вистина.

Можеби не ми се случи за да ги дознаам одговорите, но ми се случи за да ги дознаам прашањата!“

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.