Почетна РЕТРО Момчило Бошковски раскажува (3)

Момчило Бошковски раскажува (3)

РЕОБЈАВА

Октетот е неповторлива институција

Продолжува прекрасното сведочење од убавините на музичкиот гигант од нашиот град „Октет Куманово“ со момчило Бошковски

Сеќавање за едно прекрасно време

Случувањата во Октетот овие триесет години се најпозитивното нешто што траеше и се уште трае. Единствено што посакуваме и по толку години е Октетот да се негува и по нас да постои смислата на едно карактеристично музичко остварување. Тоа ќе биде значајно и за музичката историја и ќе биде потребно за збогатување на културно – уметнички капацитет, вели еден од членовите Момчило Бошковски. Сѐ она што подразбира добро дружење, добри односи и комуникација тоа е Октетот.

– Сѐ е квалитет, сѐ е убавина, поврзано за секој миг и не би било благодарно да издвојам нешто, а да го запоставам другото. Во глобала, тоа е циклусот кој остави трајни спомени во нашето живеење. Кога и да се спомене Октетот, не може да се одвои од нашиот драг Миодраг Божиновски – Мичо, ако нешто од тогаш недостасува, тоа е Мичо, со големи емоции раскажува Момчило. Неговиот придонес беше еден фантастичен белег врз музичките остварувања.

– И покрај загубата и на други членови, покрај тие големи загуби за нас и за составот, ние успеавме да ја задржиме својата енергија и посветеноста која ја дарувавме на Октетот. Бевме препознатливи по тоа што ние го носиме името на градот и на тој начин и ја покажувавме љубовта кон него. Градот ни возврати и со внимание и со многу други нешта – вели Божиновски. Тој додава дека во овие транзициски денови, има недостатоци на музичката сцена.

Luxury Catering Service

Сѐ уште постои енергија

– Недостасува работа, недостасува пред сѐ добра музика за разлика од минатото.

Енергија кај нас има, но сепак си треба нови сили кои ќе ја возобноват сета постапка на едно убаво музичко работење. Може да се направи обнова со нови и млади сили, но не може туку така да се биде член во „Октетот Куманово“. Не може секој да биде дел од таков состав, а да не поседува музички и човечки вредности – додава Божиновски. За тоа сведочи примерот кој укажува на тоа дека тогашниот избор кој требаше во тоа време да биде одберен, се бираше внимателно. Составот за членови во Октетот беше именуван по многу строги критериуми и имаше одредени стандарди кои требаше да се почитуваат за да може некој да биде дел од него.

Сето тоа се одвиваше низ аудиција, а голема улогa игpaa морални вредности, дружељубивост и карактерот, тоа беа дел од пресудните компоненти . Така првата постава не беше избрана по случаен пат.

– Се гледаше од секој агол, од секој аспект бидејќи го претставуваме градот. Не беше само важно да се биде одличен пејач. Ние сме осуммина, а дишиме и работиме како еден организам. Толку години без лош збор помеѓу себе, без никакво нарушување на односите, тоа го направи „Октет Куманово“ успешен и легендарен. Ние и за убаво и за лошо сме биле сплотени и заедно секогаш сме биле еден за друг. Точно е дека понекогаш нашите семејства беа запоставувани, но сепак ние наоѓавме време фамилијарно да се собереме и да им посветиме внимание. „Октет Куманово“ е една неповторлива институција, вели Божиновски. Сериозноста, помагањето, едно прекрасно дружење тоа беа главните именители на Октетот.

Спектакуларно шоу ,,ОК

Спектакуларно шоу кое се нарекуваше „ОК“ беше едно од најгледаните и најквалитено осмислени и реализирани емисии во серијал од 1987-88 година.

– Покрај емисијата „Опејани води“, снимањето на „ОК“ шоу беше на разни дестинации, а принципот на емисијата беше со хумористична содржина низ прекрасните ноти на музиката. Едно од ретко добри емисии претставуваше циклусот на „Опејани води“, а би сакал повторно да се прикаже за да се врати духот и да се потсетиме на убавите денови. Да направиме исклучок од ова сивило во кое сме додава Божиновски. Снимањето траеше околу една недела

И беше многу интересно, со разни костими, низ разни ситуации, кои беа примамливи за окото на гледачите. Од мајстори до продавачи на тезги, Октетот беше вистинско телевизиско освежување.

– Од „Опејани води“, за кои и ден денес се прикажуваат некои снимки, „ОК“ е слабо експлоатирано шоу. Низ него беше прикажан кумановскиот менатлитет. Вреди и би требало повторно да се види екранизацијата на убавите моменти од минатото. Тоа беше теренско снимање од локалитет на локалитет. Имаве една ризична ситуација кога камерманот се качи со дигалка на кран да ја снима емисијата во која ние бевме работници – вели Бошковски. Целата екипа беше од Куманово, од глумците , балетската група, се беше чисто кумановски производ.

Интересна ситуација

– Кога веќе зборуваме за награди, имаме многу награди што е и нормално за триесет години богата на музичка кариера. Имавме една интересна ситуација на манифестацијата „Фолк- хит“ кога водител беше Весна Петрушевска-Бејби. Тогаш Октетот зеде награда, а во најавување на Октетот за прв пат кажа дека таа е од Куманово.

Повторно алудирам, после нас, на оформување на нови музички остварувања на повеќегласно пеење и нашата желба е да се работи или во ова руво или во ново. Да се зачува автентичноста и да се чуе името на нашиот град преку „Октет Куманово“. Денес е тешко време и можеби потешко би се одвивала работата за новите сили поради разни околности, но сепак со упорноста и желбата може да се дојде до целта, објаснува Божиновски.

Продолжува…

Објавено на 31 јануари 2014