Џе сте …? Није стиг’о Здравко Чолиќ, а неќе нигде да стигне ни Харис Џиновиќ. Евентуално до шампонирану фонтану на Соколану. Али, зато стиг’о на Плоштад, само за вас (како ве вика убај луѓе) непоновљиви Божидар Божиновски у рубрику разНоткривање. Да му клајме по едно кафе. Извонреден е.Клај по едно кафе, па да го почнеме разНоткривањето.
А шо? Ти не сакаш? Добро, клаено едно.
Како ќе се справиш со преминот од лајкови во гласови?
Прво треба да гласаат па да видиме (се смее, всушност не се смее пошто е интернет интервју).
Дефинирај што е летна манџа.
Секоја манџа која се конзумира меѓу 20-ти јуни и 22-ри септември.
Кога последен пат некој ти рекол дека си многу емотивен?
Не знам… А кој воопшто прави такви муабети?
– Многу сте емотивен мој драги господине Моџо Килигтон!
– Драга госпоѓо лејди Мари Лилбет Славица трета баронеса од Падингтон – Сасекс, бурата во мене е само одраз на песната на ангелите која излегува од вас кога ќе го споменете моето име низ воздишка…
– Ох вие емотивен ласкавецу, дојдете во ботаничката градина зад теренот за бадмингтон ќе ви го покажам мојот глужд.
Не знам искрено, не сум имал таков муабет.
Чија изведба најмногу ја бендисваш на „Битола, мој роден крај“?
Цане Николовски.
Кој беше Моџо Килингтон?
Ова за испраќање. Моџо Килингтон беше општественополитички работник, шпански борец, носител на Орден на трудот од втора класа со сребрен венец… Ова е најтешкото прашање затоа што обично се даваат одговори кои се општествените улоги на поединецот – син, сопруг, татко, вработен ваму или таму, сака ова или она, што не е одговор на прашањето. „Кој сум?“ е кај сите – константна промена. Не сум оној што сум бил пред 5 години, ни оној што ќе сум за 5 години. Ко заклучивме дека само промената е константа, во таа константа има некои константи кои се навистина непроменливи. Е тука сум оној кој мрази неправди, не само кон себе, туку неправдата како категорија нанесена на поединец, група, народ. Тука е и константата што не можам да се помирам со тоа дека не можам да ги исправам сите неправди иако би требало, затоа што е невозможно. Да не тупам (сега од ко иступив) јас сум Моџо Килингтон, а ова е Jackass.
Дали се замислуваш како македонскиот Рики Жервес, да им „удриш в лице“ на „познатите“ за нивните гадости еден ден во улога на водител?
Каква држава, таков и Рики. Не, сум плескал потоа сум ги запознал ко луѓе и кога ќе ми се очовечи таа слика за нив веќе не можам да плескам, сфаќам дека и тие се борат, се трудат, се мачат со себе и околина. А и немаме нешто баш познати, на милион и пол е ко да те знаат во зграда во Кина. Да прашаше за политичари е то е веќе друга приказна, ќе можев три дена таму…
Како ќе ја најдеме нишката помеѓу асномска Македонија и европската иднина?
Прашањето ќе го свртам малку – како во Европа да ги најдеме АСНОМските вредности кои се засновани на антифашизам, на рамноправност, на вклученост на сите народи и народности, како во Европа, кога и Бугарија и Грција во 2024-та го негираат македонското малцинство, не можат да основаат невладина организација, не па партија. Ако Европа нема проблем со повампирувањето на тезите од почетокот на 1940-тите кои ги застапува Бугарија, сојузник на Хитлер тогаш, без некоја почит, таква Европа не ни треба. Еднаш сме имале таква Европа овде – заврши со Народноослободителната војна. Европа, посебно соседите треба да фаќаат прибелешки во однос на правата на малцинствата од Македонија.
Шампон од коприва или бреза?
Коприва, од него можеш и чорба да направиш, а бреза не се јаде.
Што има разлика помеѓу сонување и сањарење?
Сонување е несвесна мозочна активност која поединецот ја добива како сензација на мозочната маса во текот на сонот, а сањарење е кога поединецот свесно влегува во замките на илузијата дека нешто добро може да се случи, преку методи на самозалажување, игнорирајќи го фактот дека живееме доста кратко во бескрајно време и простор.
Кабелот е стар, кочниците неподмачкани, гасот е до даска, маските се паднати. Ти си дел од Знам. Што знаеш?
Знам дека е доста! Доста е од деца да им зависи животот од СМС пораки од народ во кој секој трет е гладен, со еден оброк на ден. Знам дека е доста од полни аеродроми со млади со карти во еден правец, знам дека е доста да дишиме отрови за нечиј профит, знам дека е доста пензионери немаат за лекови, знам дека е доста мајките да враќаат чоколади на каса затоа што не им стигаат пари додека детето ги влече за нога, знам дека е доста да се гледаме низ нишан, ние, обичниот народ, додека оние кои нè ставија во ровови заеднички нè крадат, знам дека е доста земјоделците да работат цела година, а со родот да можат да живеат три месеци, знам дека е доста платата да оди за извршители, знам дека е доста да се земаат брзи кредити да се помине месецот. Знам дека им е доста на овие кои 32 години не крадат. И за крај знам дека на сите им е доста од ова, само треба малку да се осилиме.
Се јаде ли кај вас дома леб од Фчера?
На оние оризови се префрливме, тие немаат гајле и од пред три години да се, исто немаат вкус. Демек поздрави, во здраво тело, здрав дух, кај има духови таму и егзорцизам. Убав беше фчерашниот леб, посебно ко го правиш од брашно, од вода, од ништо па го гледаш како расте, со мерак го мирисаш. Некогаш горчеше, ама така и треба. Не се меси повеќе леб, аудиториумот е со осетлив желудник на глутен па и тој леб веќе би бил вишок.
Средовечните дами лудуваат по тебе. Опасен си. А, не ни знеаме колку години имаш.
Доволно за на пратеничка листа, премалку за претседател. Доволно години, можеби и повеќе од што ми требаат. 37 иначе шо би рекол Ѓоле – сувише стар да бројим ѕвезде, сувише млад да мислим о гробу.