Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Купи си ги е*ените лилјани“ од Тара Шустер

Доколку не сте љубител на модерната психологија, доколку сметате дека ви се доволно книгите за само-помош во вашата домашна библиотека, но сепак сте љубител на добра книга – оваа книга е токму за вас!

Ова не е книга со уште еден куп лекции и правила за тоа како да се промените, кој правец да го фатите, каде потфрлувате, како да се освестите и што ли уште не, ова е книга која пополека, навраќајќи се наназад, авторката Тара Шустер, низ своето лично искуство раскажува како од едно дно, една тотална бламажа што ја доживува на својот 25ти роденден, се буди и решава дека е време да преземе некој чекор кон подобро утре.

Luxury Catering Service

Како дете на разделени родители, но и дете кое уште од мала е разделена и од својата сестра, бидејќи родителите решиле дека тоа е така подобро за нив, па заедно со имотот – си ги поделиле и децата – запаѓа во секојдневие исполнето со пушење марихуана, и тоа под парола „ако не можеш да ги победиш – придружи им се“, а му се придружува, верувале или не, токму на својот татко! Кога конечно собира храброст да му каже дека знае дека пуши трева, дека тоа не ѝ е пријатно, дека би сакала да престане или барем да не биде во нејзино присуство, во нивниот дом – од својот добива одговор: ‘Тара, те молам не ме терај да бирам помеѓу тебе и тревата!’ И така, започнува нејзиното секојдневие, кое се протега низ години, факултет, патувања, живеење од Лос Анџелес до Париз – во испуштање на животот помеѓу сите забави, во испуштање на токму она што се вика сегашен миг – препуштајќи се на виорот на заборавот. Со голема искреност ги раскажува сите болки поминати од детството до моментот кога решава дека е доста! Се присетува, но ги кажува и сите лекции што ги има извлечено од секој миг на болка. Едно нешто што остава трага во книгава е нејзината изјава дека, без разлика што доаѓа од толку проблематично семејство, дури и без семејство, таа е пресреќна од сите прегратки кои ги добива од родителите на своите пријателки, бидејќи, нејзиното мото е дека никогаш не барала пријателки со исти судбини и проблеми, во животот имала доволно драма, затоа бирала друштво од совршени семејства – кои за неа биле пример и поттик за животот што би сакала да го живее еден ден.

Книгата е достапна во нашата книжарница “Booksy”.

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.