Се вика Ивана. „Знам“ дека ја знаете. Таа е претседател на Советот на Општина Куманово која сега ќе ја запознаете од еден друг агол. Се разНоткрива пред своите кумановци: дека знае да го следи ритамот на самба и румба, дека хакерски би го ослободила Жулијан Асанж од притвор, дека прави проја со блитва од бавчата во Неа Драгоманце и сето тоа ексклузивно за Плоштад.
1. Зошто нема да одите на концертот на Цеца?
– Цеца ќе има концерт?! Жалам Цецо во кампања сум, се борам за поголема застапеност на македонската музика!
2. Која од дванаесетте песни на „Бели мугри“ најмногу го отсликува достоинството на македонскиот народ?
– Омилена ми е „Тутуноберачите“, ама дефинитивно достоинството е во „Копачите“!
3. Знаете ли да танцувате самба и/или румба?
– Го следам ритамот, но не и чекорите, на свој начин си ги играм! Ама на „Пајдушко“ знам и да се свртам без да погрешам чекор!
4. По што останаа запаметени Титовите леви сили?
– По Слободан Угриновски, идеологија на Јосип Броз Тито, ама те лево, те десно и на крај никаде!
5. Има ли бекатон на улица 123 во населба Карпош во наше Куманово?
– Хаха, нема таква улица во населба Карпош, ама ако нумерираме некоја нова ќе ја асфалтираме!
6. Кога последен пат сте биле на Јадранско Море?
– Службено во Будва, но зимски период! Пред 3 години на летување со семејството бев на Јадран, мирисот на детството и на Тиват!
7. „Враќање во Ид’н“ или „Птиците умираат пеејќи“?
– И двете со душа ги чекавме!
8. Џими Картер или Ричард Никсон? Зошто?
– Џими Картер, секој што се бори за мир и добива Нобелова награда ги заслужува моите симпатии!
9. Што правите ако кучињата скитници ве разбудат со лаеж рано во неделно утро?
– Неделно утро е скоро секогаш на викендица во Неа Драгоманце, кутриња скитници има еден куп и сите чекат мирни да им дадам храна, да ги погалам и да се поиграм со нив! Боби ми е омилен!
10. Кучето Тоби му ја изела првата напишана верзија на делото „За глувците и луѓето“ на нобеловецот Џон Штајбек. Што би му направиле да се случеше тоа Вам?
– Би била лута дефинитивно, но и би напишала расказ за случката.
11. Знаете ли да правите уштипци?
– Знам, ама преферирам проја со свежа блитва од мојата бавча!
12. Добро ли кажувате вицеви?
– Секој виц кажан на кумановски дијалект е смешен, кажувам пред луѓе кои не се од Куманово, но секогаш се смеам на добри вицеви.
13. Читавте ли „Илустрована политика“?
– Тогаш бев дете кога беше многу популарна, но се уште се сеќавам на некои интересни рубрики, на стриповите, на мирисот и мазните страници, Политикин забавник, Хогар страшни, Гарфилд, Веровали или не.
14. Како би го ослободиле Жулијан Асанж?
– Ха ха, хакерски!
15. Ќе има ли некој уличен фестивал на малиот плоштад, здравје, кога ќе се реконструира?
– Здравје, се реконструира! Бројни манифестации ја менуваат својата форма и содржина на подобро, имаме уличен фестивал – КуманиУМ, дел од содржината се „емитува“ на плоштадот Маршал Тито, а дел на улица, во буквална смисла на збор за да ја задржи својата нужна цел. Покрај „КуманиУМ“, на малиот плоштад стана традиција да се одржуваат и веќе реномирани и традиционални фестивали како што се Гитаријадата, Арт Атак фестивал.
16. Ако целиот максимум го дадете во Парламент, ќе остане ли Куманово на минимум?
– МаксимУМ секогаш ќе остане во Куманово, додека на власт се луѓе со УМ, а нѐ има многу!
17. Луј Витон или Шанел?
– Не се наоѓам во овие два стила, премногу накитени или официјални! Нема комодитет во истите!
18. Која филмска улога на Мерил Стрип Ви оставила најдлабок впечаток?
– Најдобра американска глумица, сите улоги совршено ги изнесува пред публиката! Омилен филм
„Мостовите на округот Медисон“.
19. Од кој кумановски ликовен уметник имате уметнички слики во Вашиот дом?
– Мој внук, Дарко Петковски, Марга Аврамовска, Гордана Даутовска, Магдалена Величковска, Милена Арсовска-кумановски графичари!
20. Кафеџика ли сте?
– Кафе ми е омилен пијалок, често и сама си го пијам, а кога ќе се наречам да пијам кафе со луѓе, не наздравувам со кафе!
Редакција Плоштад 26 април 2024