„Методот на Вим Хоф“ од Вим Хоф
„Здивот претставува врата. Без здив, што ни останува? Тоа е она со што сме го започнале животот, и вие и јас, и секој од нас. Со здив.“
Оваа неверојатна книга од уште поневеројатниот автор ќе ни ги сруши сите граници, ќе ги помести нашите верувања за она што е возможно, ќе донесе промени во нашите гледишта и ќе ни помогне да ја откриеме својата вистинска моќ.
Вим Хом, познат уште и како „Ледениот човек“, држи повеќе светски рекорди во подвизи за издржливост и изложеност на студено, а неговата мисија е да го промени начинот на кој живееме, потсетувајќи не на нашата вистинска моќ и суштина.
Придобивките од неговиот метод, кој денес е употребуван од милиони луќе ширум Светот, е потврден од осум универзитети и истражувачки студии. Книгава ни нуди техники кои може да ги користи секој, од млади до стари, се со цел да се зголеми капацитетот на енергијата, виталноста и среќата.
Својата приказна и својот метод, Вим Хоф ни со споделува преку вежби за дишење, уникатни и моќни, кои го менуваат хемискиот состав на телото, ве полнат со енергија и носат фокусираност. Со својата приказна и методи – споделува и искуства на многумина кои успеале да победат тешкотии со здравјето и многу хронични болести. Ви помага да ја подобрите состојбата на својот ум и воедно да ја зголемите вашата издржливост. Со сигурни и контролирани вежби помага при изложувањето на студот и ги пренесува сите бенефити од истото. А, сето ова е потврдено со многу истражувања, кои го редефинираа она што медицината го сметаше за возможно.
Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.