Почетна Вести ФИЛМАЈ 2024 Фестивал на краток филм

ФИЛМАЈ 2024
Фестивал на краток филм

Краткиот филм е уникатна можност да се долови една моќна порака на уметничкиот концепт преку секој миг, што е есенцијален извор на авторската идеја. Суштествена приказна, силни ликови, ефективен звук и вешта продукција – сето тоа е потребно за добар краток филм. А, благодарение на луѓето од Фото клуб Козјак, преку фестивалот Филмај, и годинава ќе ги одбереме најдобрите.

Фото-кино клуб „Козјак“ oд Куманово ги соопшти резултатите од конкурсот за ФИЛМАЈ 2024 фестивалот на краток филм. Стручното жири составено од Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер), одлучи за составот на наградените и официјално селектираните филмови.

Наградени се филипинскиот „Жими сè најмило“ режиран од Сам Манакса, чешкиот „Морска сол“ со Захер Јуреидини како директор на фотографија, „Синкопат“ (Шпанија) по сценарио на Рамон Лазаро, заедно со најдобриот домашен филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ режиран од Лидија Мојсовска,  и „Девет сантиметри“ (Русија) како најдобар краток филм.

Овогодишниот ФИЛМАЈ фестивал ќе се одржи на 29 и 30 мај 2024 (среда и четврток) во Занаетчискиот дом во Куманово. На двете фестивалски вечери, кои ќе започнат во 20 часот, покрај наградените, ќе бидат прикажани уште 11 официјално селектирани филмови. Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.

Luxury Catering Service

Информации и детали може да се следат на адресите: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ , како и на ФБ-страна на настанот за ФИЛМАЈ 2024

Р.П.