Тој ги оживува материјалите во форми кои го одземаат здивот и така создава исклучителни детали од неговата универзална уметност со мулти-димензионален јазик. Не е ни чудо, бидејќи потекнува од познатото уметничко семејство Величковски. Мирослав се вика. Мире Вели: секое парче моја творба раскажува приказна што резонира со душата. Во нашата азбука, Мире резонира маестрално и со зборовите.
А
Авијатичар. Ипак е „Азра“ – Бранимир Штулиќ.
Б
Бал..Балтазар иде музика како ичера да беше. Истражувач Професор Балтазар. Загребачка школа на цртани филмови.
B
Владо, мој постар син. Владимир татко ми.
Г
Гаврил ( гласник на Бога)
Д
Донатело, Дали, Дишан, Дега или само Душа.
Ѓ
Ѓорѓи, име кое е често у моју фамилију. Мој помал син.
Е
Елита на прву, не би споредија сас некој слој на новопечени богаташи или квази политичарчиња што се фоткаф на днови на комедију. Што знам…Кошарка у време на Југославију. Даниловиќ, Паспаљ, Бодирога, Обрадовиќ, Тони Кукоч, Дражен Петровиќ, Владе Дивац итд.
Ж
Жена, сга би кажале муза….ипак… Не само по кумановски, тој ти е алфа и омега.
З
Зелено како боја коју гу тражимо све почесто да одморимо очи. Закон кој га нема или е селективан на наши и ваши.
Ѕ
Па некој Ѕвер ќе искочи.
И
„Италија“ историја, култура, мода, класична уметност, музика, храна и вино.
Ј
Јазик, многувековно писмо и традиција. Збор кој е вржан некако …на сам изговор на збор „Јазик“ мислиш на Македонију.
К
Па добро туј Куманово си иде по дифолт и све што га краси и гнаси. Мења се страшно и на добро и лошо. Кој би кажаја дека куде спортску салу ќе биде шпиц за деца, а старо Ѕ’тче ќе биде место на коју ќе продава Јана од трафику ракију. Има една прича за муве и пчелу, па ајде ќе бидемо и пчеле, па ќе кажемо и нешто добро. Стара Казаница на Трету М. Нешто што требаше да се сачува. Пуна сас стари фотографие, приче и спомени. Музеј у мало. До њума бунар куде се вади вода и куде су ги бањале деца на времето све да се искористи. Жар се вади скара се прави. Канал куде доваѓа кола за одпад ( комиње ) кој не се џитка како дан’ска. Имаше шансу и част да сас покојни дедо Ѓоко „Стана“ печемо ракију неколко пута. Чим се види дим како да се избира папа, одма се собере друштво. Што се све чуе и види тамо не може ни Кустурица да изрежира. Цело животинско царство по надимци. За жал после пљачку на бакар од Казаницу остануе градба у другу функцију.
Л
Лонг Плејка, лето, лабаво, ладовина…
Љ
Љубов, Љубавно писмо, Љубопитност…
М
Мајка, не би кажаја и не мислу да звучи клише – Македонија. Б’ш мислу на мајку к’т га помислу и изговору збор Мајка. Има едно жилаво бабче по татка Словенка – Оцепек по мајку Црногорка- Милиќ кое не се дава и ме трпела и исчувала, к’т помислу само колко е била јака! На времето пред да се направи зграда, с’га „Рим Париз“ на Трету М. имаше метални продавнице контејнери – киосци у кои Мања продаваше везени кошуље за матуре, уникатни хаљине, стољнаци кои сама ги везеше и шиеше по целу ноќ. С’га на 24 август пуни 84 године.
Н
Нервоза, е ај не се нервирај.
Њ
„Њу ејџ“ средна уметничка Скопје. Збирштина…
О
Одма, с’г.
П
Пабло Пикасо, Цане и Партибрејкерси или Пупак, к’т кажемо за некога што е инвентар на некое место …туј му е вржан пупак.
Р
Ракија. Добра ракија дава инспирацију за убави нешта.
С
Среќа, смиреност, смелост, Син…
Т
Тамбура. Имаше гу туј последну част да Шоиќ на Ликовну колонију Карпино – Куманово дојде и остви белег кој ќе се памти и раскажуе.
Ќ
Буква која од увек не си га е знала место. Али „Ќе“ биде.
У
Уметност, убаво за уши..убаво за очи, а за душу…
Ф
Фамилија.
Х
Па Хумор, нешто што га носимо у гени, некоја црта која га опишуе наш народ и традицију, маане и врлине. Не Батко Ѓорѓија… пу пу не се важи. (Чекам га д’н к’т ќе се тргне споменик од центар и се премести у Касапски, а на тој место се постави Карпош….Дугачка прича)
Ц
Црковно ѕвоно и црква.
Џ
Johnny B. Good
Ш
Шала на страну, фала на редакцију.