„Зад маските“ од Ксенија Николова
Од авторката на 7 романи, Ксенија Николова, преведени на неколку јазици, ни доаѓа нејзиниот последен роман „Зад маските“. Приказна за четири жени, кои живеат во луксузот на Њујорк. Со своите животи, кои се вртат околу нови настани, нова тоалета, насмевки, безброј коктели и непознати лица, запаѓаат во секојдневие кое е далеку поразлично од она што се гледа на маските. А, кога само еден брак ненадејно ќе се сруши, започнуваат да излегуваат многу работи на виделина.
Елен е одеднаш оставена од својот моќен и угледен сопруг, кој на врвот на својата кариера, запознава нова млада девојка, но кој и внимавајќи на својот углед – решава за распадот на својот брак да ја обвини Елен, па дури и да ја натера да се откаже од старателството над своите деца, под уцени за своето минато.
Дали Елен конечно ќе нзјде пријателки во сопругите на пријателите на поранешниот сопруг, или премногу случувања ќе ги одделат засекогаш? Дали ќе успее да ги врати своите деца и својот живот или ќе пропадне уште подлабоко во зајачката дупка?
Можеби и не толку далечна приказна, што ја покажува цената која жените секојдневно ја плаќаат за лагите што ги премолчуваат… Што се случува кога сопствената среќа ќе ја ставиш зад титулата и изборите коишто некој друг ги носи за тебе?
Мистериозна и збунувачка приказна за љубовта, семејството, правдата, пријателството и издржливоста.
Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.