Почетна РазНоткривање РазНоткривање со Иван Анастасовски

РазНоткривање со Иван Анастасовски

Познатиот професор и спортски работник, Иван Анастасовски, препорачува лесен џогинг за пост-изборна релаксација на млад социјал-демократ, сеуште ги слуша Симпли Ред, го има омекнато ставот кон пушачите… чекајќи подобро време за да стапне на новиот паркет на спортската сала во своето родно Куманово, макар како кошаркарски тренер.

1. Одржете му кратка животна лекција на млад, нов социјал-демократ, а да не биде во „здраво тело-здрав дух“.

Кога ова го пишувам (пост-изборно) значи дека е навистина тешко да бидеш социјал-демократ во овој период, особено ако тоа имало влијание на менталното здравје, затоа би сакал да им препорачам пешачење и лесен џогинг секое утро за подобра ментална и физичка кондиција и ќе се чувствуваат многу подобро.

Luxury Catering Service

2. Имате ли омилен лик од Монти Пајтон?

Еден од оснивачите, т.е. најпознатиот Џон Марвуд Клиз, кој според мене е класичен англиски хумористичен тип или прототип за црн хумор.

3. Што разбирал од кошарка LeBron James годината кога станавте тренер на КК Куманово?  

Во тоа време асполутно ништо, детиште бил и ги правел првите кошаркарски чекори, тој период искрено, можел многу да научи од мене. Јас кога се занимавав со кошарката, Мајкл Џордан беше неприкосновен, еден и единствен, но можам да кажам дека сега Леброн е некоја замена за него.

4. Кои навивачи се полуди, на Селтик, Бешикташ или Црвена Ѕвезда?

Сите три групи првин се религиски различни и со самото тоа и ритуалите им се поинакви. Јас сум поранешен припадник на популарните Делии-север и тука може да има доза на емоции, но сепак ако го гледате едно од најстарите религиски дербија во фудбалот, “Old Firm”, кое датира од 1888 година, а згора на тоа и мојот омилен лик Род Стујарт е голем фан на Селтикси, надевува на тоа само еднаш во животот да ја слушнете на Celtic Park стадионот од 60.000 грла “When I see you Celtic I go out of my Head, I just can’t get enough I just can’t get enough”.

5. Од Britney Spears, преку Ace of Base до Nirvana, на што најмногу се забавувавте во кафе бар Life?

Britney Spears не е мој тип на музика и тоа време во Life Cafe имаше сосема различна музика одошто е денес, а и поинаков тип на журка и забава. За Nirvana можам да кажам дека и ден денес кога ќе ја слушнам Smells like teen spirit ми буди многу спомени, а всушност Life cafe е една од тие приказни. Инаку, јас сум фан на Simply Red и тоа е асоцијација на мојата младост.

6. Строг сте кон пушачите. Тоа е дискриминација. Не се сите спортисти.

Многу, (иако сакам некогаш да запалам пура), оти и самиот сум креатор за Закон против пушење во јавни објекти. Никого не дискриминирам, но само се штитиме ние непушачите од димот од цигари. Не важи веќе правилото ако си спортист да не си пушач и тие денес се уживатели на никотинот. Во принцип, омекнат е малку мојот дециден став кон пушачите, нека си уживаат.

7. Со што се меша аперол?

Италијанска комбинација на напиток со француски префинет шмек наречен “апего„. Во принцип летна пијачка што наведува да има сода и овошје во него како можност за продавање шминка во летни денови, ако за нешто се познати жабарите тоа е продавње на шминка, капа долу за нив.

8. Кога сте најмрзливи?

Ако гледаме во период од денот, некаде помеѓу 18-20 часот, ако гледаме во текот на неделата петок (свети ден) не ми се работи, а ако гледаме во текот на годината еден дел од летото се ставам во мирување. Ако сакате процентулано близу 20% од моето време на располагање за работа во текот на годината сум мрзелив.

9. Дали шкорпиите се сложуваат подобро со девиците или со вагите?

Зодијакот не ми е јака страна, како шкорпија се сложувам со луѓе кои се на моја бранова должина (па и нека е мала бројка), но не ги дефинирам според зодијакот. Ирена е Близнак, но ако зодијакот вели дека се сложуваме со девици и ваги, не му верувајте.

10. Сте го гледале ли некогаш во живо како вози формула Мика Хакинен?

Не сум фан на формула еден, тоа не е мој спорт, иако сум имал прилика да одам на местото каде е роден Шумахер. Воопшто не гледам формула, можеби делува чудно, но функционално е.

11. Ќе бидете ли присутен на трибините кога/ако некогаш се постигне тројка на нов паркет во кумановската спортска сала?

Не сум бил во нашата сала откога ме протераа, ама буквално ме протераа од тренерска позиција далечната 1998/99 година, а на база на тоа станав пратеник сосема случајно. Искрено би сакал што е можно побргу да се вратам таму, но само во најново руво да е салата и да можам да уживам во убавината, пред сé на кошарката (оти сум човек од тој спорт) и да можам да бодрам наш кумановски тим кој ќе има повторно успеси. Многу би сакал, но оставам тоа да ми го овозможат властите, не само на мене туку на сите нас кумановци.

12. Стојан Андов или Љубиша Георгиевски?

Љубиша, без дилема, оти сум соработувал многу со него (нормално за починатите се нај-нај), но човекот беше јака авангарда со либерален гард, иако беше вмровец, многу сум научил во животот од него и ми дал голема можност, оти како карактер беше широк (уметник).

13. Кога цветаат алги во Дојранското Езеро?

Ако не се лажам некаде во месец авуст е тоа, овој податок ме потсети дека еднаш со моите партнери од Грција спремавме заеднички проект за Дојранско Езеро и тогаш собирав податоци за да може да ги прикажеме во апликацијата, така што, мислам дека е август.

14. Имате ли омилен вестерн филм?

Добариот, лошиот и грдиот или  Il buono, il brutto, il cattivо, легендарниот шпагети вестерн филм со Клин Иствуд.

15. Норвешка или Финска како евентуален совет за Вашите деца како место за живот?

Оф, Скандинавија реално е иделно за мирен живот, но воедно и тежок за нашиот балкански менталитет, но ако веќе треба да им посочам мое искуство од патување во Скандинавија тоа би било Осло, Норвешка. А, можевте на мени да понудите и Италија, хахаха.

16. Сте добиле ли скоро домашен миленик на подарок?

Пред 22 години, кога се роди Бруно синот, професор Јакимовски, нашиот стар, познат кумановец, ми поклони Далматинец (куче за кое единствено би можел да направам компромис да го чувам), беше многу мал и убав. Што се случи: Ирена со Бруно цела ноќ, јас со него цела ноќ, плачат и двајцата и оттогаш сум рекол – кучиња, не, но и реално немам време да се посветам со љубов кон милениче.

17. Јадете ли сарма од лозов лист? Со какво кисело млеко?

Само ако мајка ми Нада ја направи (ќе ме убие Ирена), се шегувам. Наки е специјалист за сарма од лозов лист и сите по дома – Ирена, јас и Лана (без Бруно) уживаме во сармата на баба Натка. Во принцип, мојот тип на кујна е италијанската.

18. Во што е разликата помеѓу деветка и десетка, како факултетска оценка?

Не верувам дека постои паметен ум кој ќе ви одоговори на ова прашање прецизно. Условно, десетка е кога студентот знае на ниво на професорот, што е возможно, но многу е тешко да ја направите разликата на знаењето од девет и десет.  Се работи за лична проценка на професорот. Но, нејсе, нека се задоволни студентите и со заслужена деветка.

Р.П.