Почетна Вести Преубав настан во организација на НУ Музеј Куманово, во чест на некогашниот...

Преубав настан во организација на НУ Музеј Куманово, во чест на некогашниот прв човек на оваа установа – Богдан Таневски

НУ Музеј Куманово на 15.05.2024г. ( среда ) во 20:00ч. ве поканува на изложба и промоција на каталог „Икони од 19 век т.н. руски од кумановскиот регион“ Презентацијата на овој каталог и изложба претставуваат завршница на осумгодишен конзерваторски проект во кој во повеќе фази се конзервирани околу 80-ина икони кои со првата селекција не беа влезени во постојаната поставка на Галеријата на икони на катот од црквата Св.Никола во Куманово.

Изложбата и каталогот опфаќаат 15 икони во народот познати како „руск“ од 19 век. Автор на текстот во каталогот и изложбата е Неда Митковска, виш кустос ист. на ум.

Настанот ќе биде посветен на Богдан Таневски (1958 – 2022), историчар на уметност, советник – конзерватор – раководител на проектот.

Luxury Catering Service