THE STEAMS (Психоделичен рок / Атина, Грција) e група која произлезе од атинската нео-психоделична сцена, The Steams ги црпеа своите први инспирации од американскиот асид рок од крајот на 60-тите; но претпочитаат позрели и мистични психоделични влијанија од раните 70-ти со солоа исполнети со фидбек. Со соголени бас линии, огнени ритми на тапани, долги гитарски рифови и продорна проза со мрачни поетски визии, квартетот створа хипнотички, речиси шамански песни и делови.
Додавајќи ги традиционалните грчки инструменти како критската лира, лаута и цабуна (грчки гајди) на нивните прогонувачки мелодии, The Steams ги истражуваат најтемните и највозбудливите длабочини на психоделичното искуство, носејќи го слушателот надвор од границите на жанрот.
По двата први албуми и многубројните концерти, вклучително и отворањето за Black Angels, Steams се на европска турнеја додека го подготвуваа третиот албум, Vile Wonders!.
Минатиот петок се претставија пред кумановската публика во Кафе-бар Агора со извонреден настап.