Почетна Спорт ГФК Куманово – шампион на третата фудбалска лига – север

ГФК Куманово – шампион на третата фудбалска лига – север

Фудбалерите на ГФК Куманово  и покрај тоа што своите натпревари како домаќини наместо во Куманово ги играа во селото Доброшане и за време на гостувањата на екипата беа изложени на огромни притисоци кои понекогаш беа и од безбедносен карактер, сепак на крајот собраа и сили и храброст и знаење и сосема заслужено ја освоија шампионската титула.

Во текот на натпреварувачката сезона 2023/2024 екипата на Куманово одигра вкупно 26 натпревари, од кои што оствари дури 23 победи, 1 нерешени резултат и доживеа само два порази со гол разлика 76/16 (+60), што само по себе говори за квалитетот на екипата.

Но, и покрај освојувањето на првото место во третата лига – север, екипата на Куманово заради лошите пропозиции на фудбалската федерација на Македонија наместо како шампион на третата лига – север директно да влезе во втората фудбалска лига, сега викендов што претстои ќе мора да одигра уште само еден бараж натпревар и тоа против екипата на ФК Победа од Прилеп, на стадионот на ФК Македонија – Ѓорче Петров во Скопје.

Luxury Catering Service

Меѓутоа и пред овој натпревар во редовите на екипата на ГФК Куманово владее голем оптимизам и добро расположение, како меѓу фудбалерите и стручниот штаб, така и меѓу членовите на управата и речиси сите во екипата веруваат дека наредниот викенд и оваа пречка ќе биде надмината и дека градот Куманово по многу години фудбалска апстиненција ќе добие уште една градска второлигашка фудбалска екипа.

Т.Д.