Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Петте јазици на љубовта“ од Гери Чепмен

Човек лесно се вљубува, но она што е „тешкото“ е да се успее да се оддржи љубовта! Предизвикот да се остане вљубен и после долги години обработен токму од маестралниот Гери Чепмен, американски психолог и брачен советник, за вас во книгата „Петте јазици на љубовта“.

Која ли е формулата за среќна и исполнета врска и тогаш кога че помине љубовните занес? Што откако ќе заврши фазата „меден месец“? И, како да се надминат препреките, разликите, мааните, кои одеднаш стануваат видливи, се поприсутни и неприфатливи?

Luxury Catering Service

„Едноставно“ е, би рекол Гери, доколку се посветиме малку подлабоко на нашата врска. Тогаш, би откриле дека секој од нас има свој јазик на љубовта. Секој ја искажува љубовта на различен начин, и секој очекува да прими љубов и внимание на поинаков начин. А, проблемите настануваат тогаш – кога нашите интереси се судираат, не се исти или се чувствуваме неслушнати .

Постојат 5 јазици на љубовта, и што побргу ги откриеме – ќе ги откиреме и скриените предизвици во нашите врски! Дали вие повеќе сакате пофални зборови, потврда за вашиот придонес, моѓеби преферирате љубов искажана преку подароци или пак физичкиот допир е она што ви е најважно во една врска?

Откријте кој е вашиот јазик на љубовта, кој е јазикот на вашиот партнер и без разлика дали вашата врска цути или пак се наоѓате некаде пред распаѓање – книгата може да ви помогне да ги премостие разликите и да ги спасите бродовите од тонење!

Книгата е достапна во нашата книжарница.

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.