Почетна РЕТРО Самоук, успешен музичар – Никола Давидовски

Самоук, успешен музичар – Никола Давидовски

РЕОБЈАВА

Плоштад, број 28, 18 април 2014

Иако потекнува од работничко семејство, тоа не му претставувало проблем да биде успешен музичар. Станува збор за самоук муэичар кој со музика се занимава речиси цел свој живот. Гитарата, клавирот и тапаните се тие кои го дружеле во текот на целата музичка кариера. Почетоците со музиката започнале во друштвото „Илинден“.

– Друштвото „Илинден“ беше едно од најстарите друштва во Македонија. Тоа датира од 1903 година. Речиси сите успешни музичари својата музичка кариера ја започнале токму во ова друштво. Во 1967 година ова друштво се распадна. Според мене, тоа е една голема заryба и штета, а воопшто и не ми се познати причините зошто се случи тоа – вели Никола Давидовски.

Luxury Catering Service

По распаѓање на друштвото, сите членови се префрлиле во друштвото „Панче Пешев“ кое постои и денеска. Во друштвото „Илинден“ членувале многу познати македонски како и кумановски музички имиња, кои и денеска активно се занимаваат со музиката. Како познати личности тој ги спомнува: Шоиќ, Коле Грк, Тони бубњар, Шуте од групата „Синтезис“ и уште многу други. Во друштвото преовладувала забавна музика, како и музика која се свирела на погребите.

Давидовски паралелно со музиката работел и како трrовски патник во некоја фирма во Скопје, во која по некоја rодина станува благајник. Сѐ до 1980 година тој работи во Скопје и таму живее.

– Се сеќавам на својата прва песна. За неа ми помогна Славе Димитров. Тој ме повика во Скопје во студио за да ја снимаме. Тоа беше една прекрасна песна, со прекрасен текст. Ми беше многу драга песна. Но, за жал, не можам да дојдам до неа- вели Давидовски.

Тој се сеќава на своите музички турнеи, за кои вели дека не можат воопшто да се споредат со денешните.

-Од страна на МНТ често се организираа работнички акции, каде што одеа многу познати и успешни музичари. Одевме низ цела Македонија. – вели Никола.

Тој во 1976 година ја има претставувано Македонија во Опатија на Опатискиот фестивал, каде што учествувале пејачи од сите држави на поранешна Југославија. Во тоа време Опатискиот фестивал бил еден од најдобрите фестивали и таму можеле да се слушнат и видат многу успешни пејачи и песни. Има пеано во Подгорица за 40 години постоење од радиото, исто така и во Јајце и Београд каде бил чест гостин.

Има соработувано со врвни композиторски имиња од цела Македонија кои се познати и денес, кои и денес се многу успешни и кои активно работат.

Никола има добиено многу признанија и секаде каде што има учествувано, има добиено по нешто.

Тој исто така има пишувано и музика за театарски претстави, како и дечји песни за детски фестивали.

-Тогаш можеше многу да се заработи од музиката. Еве пример, јас на тоа време за една вечер можев да заработам за да купам телевизор во боја. Тогаш тие беа многу скапи и ретко кој можеше да си дозволи да има дома таков телевизор, а јас го заработував во една вечер. Клавирот го купив и го отплатив во рок од три месеци. Можеше убаво и многу да се заработи. Имав добри тезги – се сеќава Никола.

14 години една по друга има пеано за дочек на Нова година во Домот на ЈНА, исто така и за 22 Декември, Ден на армијата на Југославија, како и за 8-ми Март. Тој вели дека доволно биле и само тие три настапи за да може да живее во текот на целата година, а плус било и она кога одел по приватни забави.

-Наеднаш престанав со музиката и бев многу незадоволен. Не од финансиски аспект, бидејќи тогаш можеше многу да се заработи, туку не можев да поднесувам неправди кои се правеа на фестивалите. Такви неправди постојат и денес и, за жал, ќе постојат уште многу време. Кој има добри врски, ќе биде успешен, кој не, нема да успее. Тоа постои и денес и не само во музиката туку секаде, на секое поле – вели Никола.

Веднаш откако почнале песните да се наплаќаат, тој се откажал од музиката. Тој вели дека тогаш композиторите земале повеќе пари за разлика од музичарите, но и цената што ја земале, секако, не била за жалење.

Никола има снимено 26 песни, но од нив има најдено само 16. За собирањето на песните тој се заблагодарува на Дарко Димитров, кој му помогнал околу тоа. Има многу песни кои му се допаѓаат и кои ги има многу пеано, но, за жал, не може да ги најде по музичките студија.

„Земјо моја“ е омилената и најпознатат песна на Никола Давидовски.

-Станува збор за песна која беше позната уште тогаш, а која е позната и денес и која постои 38 години. По таа песна јас сум денес претпознатлив-вели Никола.

Песната денес е препеана од страна на Ламбе Алабаковски.

Тој прави споредба помеѓу пејачите и песните од тогашното време и денес и смета дека и денес постојат успешни и врвни музичари, но не се претпознатливи, туку речиси сите се идентични.

Никола повеќе не се занимава со музика. Сега е пензионер и своите пензионерски денови си ги поминува во викендичката. Но, и покрај тоа тој на младите им советува да слушаат добра музика, со добар квалитет и која ќе постои со децении.