Почетна Вести Стенд ап фестивал „Четвртак у 9“

Стенд ап фестивал „Четвртак у 9“

За прв пат во Куманово ќе се случи стенд ап фестивал  насловен Четвртак у 9, терминот во кој колективот Кабаре Кабает ги врати насмевките на кумановчани. Овој настан ќе собере стенд ап комичари од целата држава кои во текот на трите фестивалски денови ќе се претстават со своите најдобри содржини.

Сите промени, нови почетоци, диети, животни прашања почнуваат од понеделник, но ние почнуваме од вторник на 4-ти јуни во Касапски Круг. Фестивалот го отвораат комичарите: Тино и Атанас, Мирослав Петковиќ и Зоран Донев. На 5-ти јуни се селиме во The Yard Lounge Bar, а таму ќе ги погледнете настапите на Изабела Пан и Надица Петрова. Втората фестивалска вечер ќе ја завршиме со настапот на вокално-инструменталниот состав Кабаре Кабает. Последниот фестивалски ден, 6-ти јуни, продолжуваме во The Yard Lounge Bar, а таму ќе настапат Бојан Кирковски, Чедомир Митевски. За затворањето на фестивалот организаторите најавуваат настап на комичар кој во моментов е изненадување за публиката и ќе биде најавен наскоро.

Картите се пуштени во претпродажба преку платформата online podium , по цена од 350 денари, а на врата билетите  ќе се продаваат по цена од 450 денари. Освен онлајн, картите во претпродажба може да се купат и во самите фестивалски локали Касапски круг и The Yard Lounge Bar. За повеќе информации заследете ја фејзбук страната на Арт Манија и инстаграм профилот на Кабаре Кабает.

Фестивалот е во организација на здружението Арт-Манија и колективот Кабаре Кабает, а дел е финансиски поддржан од Општина Куманово. Стенд ап фестивалот ,,Четвртак у 9“ е почеток кој ќе се погрижиме да стане традиција во овој град.

Luxury Catering Service