Почетна МОЈАТА АЗБУКА МОЈАТА АЗБУКА со Милан Стефановски

МОЈАТА АЗБУКА со Милан Стефановски

Милан Стефановски ака Миле, ММГрил, е млад, многу духовит младич, кој ни го привлече вниманието со своите сатирични статуси на социјалните мрежи, додека го врти лепчето на скара во фамилијарната сендвичарница. Музикален, начитан, омилен во друштво – за Плоштад направи своја азбука, токму како што очекувавме – искрено, интересно и концизно!

A

А e за Ангелинче, најмило дете на чичо Милета.

Б

Б не е за Бркови него за е буразера, моега сарадника.

Luxury Catering Service

В

В е за Варадеро, Емиле, не си ми ти никакав колега.

Г

Г е за глупости, често ги трескам, а не ретко ги и праву.

Д

Д е за деца, деца су најголемо богатство.

Ѓ

Ѓ е за Ѓон бенд и ја волим само себе.

Е

Е е за еднога моега другара, он е како Бајага, кад год се сретнемо, увек се залије.

Ж

Ж е за жетони, Фани од Ониро знае за што збору.

З

З е за здравје, вежбајте, трчите, спортујте, ќе биднете и поздрави и посреќни.

Ѕ

Ѕ е за ѕидара, кој не га е пија пред кооперацију, не заслужуе ни едн живот да живи.

И

И е за историју,  изучување историју може да те направи да изгледаш попаметно у друштво него што си уствари.

Ј

Ј е за Југа, само да га поздраву, а он мене у подкаст не ме поздрави, замерам му хахаха.

К

К е за културу, за разлику од скупи ствари и скупи авта, култура не се купуе.

Л

Л е за лето, лето е закон, пие се почесто пиво.

Љ

Љ е за љубав, што е живот без љубав?

М

М е за музику, моја најголема љубав у живот, али таленат за њума Бог ми не подари.

Н

Н е за не знам, да, пишуе се одвоено, запамтите.

Њ

Њ е за Његошева, пошто свака ми је таква.

О

О е за осам, ипак мора да постоив тија прекрасни форе.

П

П е за побру, живот без њега и еднога моега другара би бија много подосадан и потежак.

Р

Р е за радост, ако не умеш да се радуеш на ситнице, нема да уживаш у ни едн луксуз.

С

С е за СЕНЕГАЛ, моја екипа, мои браќа по лопти, после сваку победу иде слика, а после термин пиво, тој е традиција.

Т

Т е за тури га лепчето на скару.

Ќ

Ќ е за ќе ти га туру лепчето на скару.

У

У е за улицу, една од побитни школе што ти ги треба у живот.

Ф

Ф е за фамилију, најбитна ствар у човечанство.

Х

Х е за храну, да даде господ да нема гладни на овуј куглу земаљску.

Ц

Ц е за центар за јавно здравје, највише мрзу да иду тамо кд треба да гу продужују санитарну књишку, а зашто, ево не знам.

Ч

Ч е за чаршаф, онј најубав, кариран, кд га виду обавезно му се израдују како дете на играчку.

Џ

Џ е за џеб, стално се фаќам за њега, па на крај на месец дрему како бува ….

Ш

Ш е за шутку, ама више сам стар за шутке, а и малце рок концерти има куде нас за да останеш у форму.