Било продолжен викенд или цел одмор, замислете си како се будите од нежниот звук на брановите и златните нијанси на изгрејсонцето што се рефлектираат од треперливото море. Релаксацијата доаѓа некако природно и само со вакви замисли.
Реализацијата на овие замисли годинава нека ви биде Фурка. Апартмани Кристина во Фурка -отелотворување на вистинско приморско искуство. Куќата се познава по дворот. Апартманите Кристина се сместени во тивка улица, опкружени со доволно раскошни дрвја за сенка и пладневна починка, на вистинската географска должина. Што се однесува до широчината, комфорот со задржана интима за секое семејство е мајсторски изведен.
Во апартманите уште на прагот го имате она чувство дека сте како дома. Дизајнирани се по принцип „удобноста на прво место“.
Дневните соби се со пространи балкони, кујните се целосно опремени, климатизацијата е современа, а интернетот со голема брзина. Стилски уредените спални соби ветуваат добар сон после сите водени лудории на плажа, а купатилата се функционални и блескаат од чистота.
Се чини дека апартманите Кристина, додека се граделе, склучиле таен договор со сонцето, па од која и страна да сте сместени, секогаш ќе ви биде пријатно првото утринско кафе или вечерната чаша вино.
Апартманите Кристина се повеќе од само едно обично место за престој; тоа е вашата порта за автентично грчко искуство. Без разлика дали планирате романтично бегство или семеен одмор, најважно од сè е да бидете опуштени, бидејќи мирот е бесценет. Резервирајте го вашиот престој уште денеска, затоа што добриот глас надалеку се слуша и оваа привлечна дестинација лесно може да биде букирана од луѓе како вас, кои знаат да уживаат во секој миг од својот годишен одмор.
Контакт информации
Веб-страница: Facebook Fun Page
Viber: +30 69787 45589 (Кристина)
Е-пошта:christina-samara@hotmail.com
Апартманите Кристина со нетрпение очекуваат да ви посакаат срдечно добредојде.
Ваше е само да се одлучите за Фурка, како место од соништата! И навистина, најубави се апартманите Кристина.
Р.П.