Почетна Спорт Михаил Ангеловски – Голем кошаркарски талент од Куманово

Михаил Ангеловски – Голем кошаркарски талент од Куманово

Михаил за прв пат почнал да игра кошарка на својата шестгодишна возраст и тоа во екипата на КК Куманово, а прв тренер во првите четири години му бил поранешниот кумановски кошаркар и наставник по физичка култура и спорт, Милош Нинковиќ, од кого што и најмногу научил, вклучувајќи ја тука и кошаркарската Абецеда. Тој до ден денес остана верен на својот кошаркарски клуб КК куманово каде што настапува во последните осум години и каде што тренери му биле и Кристијан Маневиќ – Кико, Дарко Петковски – Спејко, како и сегашниот тренер Мартин Атанасовски, кој воедно е и координатор за младинските екипи во КК Куманово, но во моментов и прв помошен тренер на тренерот на сениорската екипа на КК Куманово и наш најдобар македонски кошаркарски тренер – Марин Докузовски.

Иако Михаил е сеуште многу млад, тој досега во својата кариера има и мало меѓународно искуство, па така тој има учествувано на кошаркарски камп во Копаоник, три години по ред- 2018,2019 и 2020 година на меморијалниот турнир „Рајко Жижиќ“ во мини баскет во Белград, како и минатата година на меѓународен турнир во Словенија, додека, пак, прв кошаркарски камп на кој што настапил Михаил бил на неговата седумгодишна возраст во 2017 година што го организирал КК МВП од Охрид.

Дека во случајот со Михаил навистина станува збор за навистина талентиран и надежен кошаркар, зборува и податокот дека тој освен во категоријата М14 за својот клуб МКК Куманово паралелно настапува и за повозрасната младинска екипа М16, а тој неодамна на фајнел – фор турнирот за кошаркари од генерацијата  М14 во Куманово на двата натпревари против екипите на КК Вардар и КК Љуботен постигна ниту помалку ниту повеќе туку точно 101 кош, што секако за неговата возраст преставува навистина добар резултат.

Освен тоа, Михаил пред неколку недели на игралиштето на кумановската Соколана каде што се одржа кошаркарски турнир во Мини баскет 3 на 3, на кој имаше и натпревар во уфрлување на тројки за кој што натпревар немаше лимит на старосна граница и на кој што турнир за да учествува секој играч мораше да плати котизација од 500 денари, а наградата за победникот беше во висина од 100 евра. Михаил, тој ден, како дете, нормално, кај себе немал толку пари, па учеството му го платиле неговите другарчиња така што тој на турнирот на кој што учествувале и играчи на возраст од 16, 18, па дури и на 20 години, во финалето успеал да победи со резултат од 16 постигнати тројки од вкупно 25 обиди (16/25) што само по себе со оглед на неговата возраст (14 год) претставува резултат за респект, дури и на ниво на државата ако не и пошироко. Со победата, се разбира, ја освоил и “големата” парична награда од 100 евра, а како потврда и сведоштво за вистиноста за резултатот од овој настан постои и уреден видео запис.

Luxury Catering Service

Освен што е голем кошаркарски талент, Михаил е и добар ученик во осмо одделение во ООУ „Kрсте Mисирков“ во Куманово, а нам на крајот ни преостанува само да му посaкаме успешна кошаркарска кариера и секако, што е уште поважно од кошарката за деца од неговата возраст и успешно натамошно школување.

Т.Д.