Водејќи се од мотото „Образованието е никогаш завршена работа“, од Исак Асимов, нашата овонеделна гостинка – Слаѓана Петровска, рубриката „Азбука“ ја започнува со состојбата амнезија, а завршува со најважното животно школо – доброто домашно воспитување. 20 години е правник во семејната фирма „Бос чевли“, му помага и на својот Страхил околу ликовните изложби, а чита и за окултизам. Неверојатна жена!
А
Амнезија на човечката раса, на човекот кој заборавил зошто се родил тука, кој е, што е, зошто е тука на планетава Земја во тродимензионален свет, која му е мисијата, целта, одговорноста, оти не е само „Денес“ туку дека имало и далечно „Вчера“ и дека ќе има и „Утре“.
Б
Бог …Бог и Јас, директно, без посредници, како Богомилите…..Будење
В
Вистина…чие практицирање во моментов претставува револуционерен акт!
Г
Глава,која деновиве повеќе служи за употреба на козметички препарати отколку за рационално размислување!
Д
Дом, Духовност, Добрина
Ѓ
Ѓерѓеф
Е
ЕТНОЦИД што ни се изврши во 2018- 2019 год. со промена на името на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Ж
Животот, кој треба да служи за секојдневна креација на нешто подобро од она што било вчера, да бидеме најдобра верзија на нашите славни предци!
З
Западната цивилизација и Злото кое го прошири меѓу човечкиот род, предизвикувајќи спиритуална конфронтација со доброто
Ѕ
Ѕуница, природата и ние, исконска врска!
И
Информирање, Истражување, Историја, Интелигенција Денот е изгубен ако не научиш три нови работи
Ј
Јазол, ама МАКЕДОНСКИОТ
К
Книги
Л
Логика
Љ
Љубов
М
Мајка, Македонија, Молитва
Н
НЕПОКОР на мојот, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Њ
Њујорк, омилена дестинација за шетање
О
Образ, Образование, Одговорност, Очи-огледало на душата
П
Просветување, Пропаганда
Р
Револуција, Рестарт, Реформа, Работа
С
СЛОБОДА на говор, мисла, изразување, движење, Семејство, Среќа
Т
Традиција, “Теории на заговор“
Ќ
Ќеиф, храна на душата
У
Ум, што денеска треба да функционира во услови на безумие и беззаконие
Ф
Фактура, карма, или што си дробел, ќе си сркаш
Х
Херетик или оној што мисли со своја глава
Ц
Цивилизациска писменост или имање информација и знаење за сè што се случува околу нас и во светот. Промените во светот се одвиваат молскавично и ние мора да бидеме во тек со сè!
Ч
Човекот,со сета своја гордост и достоинство на постоење, со сета своја “човечност“, која за жал, глобализмот, материјализмот и модерните трендови му ја “разболеа“; му го контаминираа духовното и физичкото тело и го претворија во бледа сенка на некогашниот џин
Џ
Џимиринки, спомен на безгрижно детство
Ш
Школо, посебно ука со која се стекнувате дома, од родителите, бабите и дедовците