Децата од фудбалската школа на ФК Куманово родени во 2012 година под водство на тренерот Исмет Зеќири станаа шампиони во Детската лига (ДЛ) на Фудбалската федерација на Македонија,откако во финалето го совладаа Шкупи.
Генерацијата 2012 на фудбалскиот клуб Куманово минатата година беше вицешампион.
Во рамки на финалниот турнир од ДЛ на ФФМ годинава учествуваа најуспешните 96 екипи од Македонија поделени во шест натпреварувачки категории (генерации од 2011 – 2016).
Во годинешното издание на Детската лига 149 клубови и 649 екипи со 10
илјади млади фудбалери имаа можност да се натпреваруваат секоја недела
во рамките на своите региони.
Фото: Ваџид Алија
Р.П.