Почетна Рок сцена Само едно од жестоките рокенрол решенија за вечерва – SOLUTION

Само едно од жестоките рокенрол решенија за вечерва – SOLUTION

Музиката ја чувствуваат во плексус, а не само во ушите! – извонредните кумановци SOLUTION ексклузивно за Плоштад

На тонската проба за вечерашниот прв дел од Мото рок фест во организација на Мото клуб „Мечки“ – Куманово, денеска, седми јуни 2024 г., во точно 15 ч., прецизни како Фендер стратокастер на Ерик Клептон, први дојдоа „Solution”.

Ексклузивно за Плоштад ни открија зошто се „кавер“ бенд и колку се среќни што настапуваат во друштво на “Crossroad blues band” и „Блажа и Кљунови“.

Luxury Catering Service

Деца се на луѓе родени во поранешна Југославија, па пораснале со звуците на југословенскиот рок саунд и новиот бран. До средно училиште веќе го филтрирале својот вкус за чист рок и само било прашање на времето кога ќе се сретнат и состават како бенд.

Првите неколку години (бендот постои 7 години, а во сегашниот состав 3), не размислуваат за авторска музика и интенција им е да свират по клубови, сакајќи да се фокусираат на заработката, додека се етаблираат на сцената.

После тоа следи период на демо снимки, со примеси на екс-ју, но и странски рокенрол.

AC/DC им е само еден од предизвиците за свирење. Убави спомени од Трио Зез. Екипата во денешен состав, што се потпишува како SOLUTION, има сосема друг правец, кариерно и не толку во рамен ритам. Ептен, што би кажале кумановци, не е во рамен ритам, особено ако се преслуша нивната изведба на песната „Мешано месо“ од култните „Осми путник“ и авторската поп-рок балада со која се имаат пријавено на „Макфест 2024“. Дотогаш, авторски кавери, со единствен вокалски печат и звук за кој „на прва“ може да се чуе дека е извежбан и унифициран во девизата: рокенролот не е мртов!

Р.П.