Почетна Рок сцена ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ПЛОШТАД – НАШЛИ СМО МАКЕДОНСКУ РЕЧ ЗА ДОКОЛИЦУ!

ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ПЛОШТАД – НАШЛИ СМО МАКЕДОНСКУ РЕЧ ЗА ДОКОЛИЦУ!

Срѓан Гојковиќ Гиле: како бубањ каже браќо и сестре! Ве очекуваме на Аџитепе!

На 8 април 1961 се роди Срѓан Гојковиќ Гиле.

Како „хипнотисано пиле“ гледам во оваа икона на југословенскиот рокенрол.

Luxury Catering Service

Не е во стилот на Плоштад да му прави класично интервју. После тонската проба во 16 ч. на спортскиот аеродром Аџитепе, каде вечерва настапуваат како ѕвезди на втората мото рок фестивалска вечер, Електрични оргазам го имаа својот зен момент на заедничкиот ручек во „Фемили грил бар“. Затоа, пристапивме лежерно, без да бидат свесни дека се интервјуирани, а сепак да го објаснат доволно терминот за кој се врзуваат уште од 80-тите години на минатиот век – одрастање у јавности. Доволно да се потсетат на своите први настапи од времето на Палилулска олимпијада младости па сè до мото рок фестивалите, кои благодарение на Мото клуб Мечки доведуваат рокери од овој калибар и во нашите варошарии. Највозбудливиот небритански состав (поради албумот Пакет аранжман) на просторите на поранешна Југославија, односно фронтменот Гиле, се сети на неговиот последен концерт во Kуманово, на 24 Април 1993 во клуб Ариел, поранешен кино Напредок во организација на Mарјан Шалајко Јаневски и Љубиша Петрушевски – Бубе. Живееме како во земји на дисторзија на приказните од Давид Албахари. Немаме на чист македонски јазик ни соодветно име за прекрасниот српски збор „доколица“. Гиле веќе не чита радио бајки за деца. Не гледа телевизија. Не чита дневни весници. Ни ја пушташе песната што за него одамна ја има напишано Васко Серафимов – „Заборавени спомени“. Многу секси звучи рефренот во негова интерпретација: кој сум јас, која беше ти? Не ни беше згодно да отвараме стари рани и да запрашуваме што последно му има кажано на Гиле покојниот верен другар, Влада Дивљан. Јер бистрији или тупљи човек бива кад…

Locomotion е бендот Електрични оргазам.

Оваа вечер, на Мото рок фест, Гиле, Зоран Шваба, Бане, Благоја Паче, Љуба – Електрични оргазам – ни ветија дека ќе биде Како бубањ каже, Браќо и сестре, Летите, сањајте, дишите, једите Брескве у тешком сирупу. Зашто да не! Само дојдите на Аџитепе! Све е спремно. Чекамо ве.