Почетна Рок сцена Лектира за сите генерации

Лектира за сите генерации

Омилената лектира на кумановци – рок бенд „Лектира“, одлични на отворањето на вториот ден од Мото рок фест 2024.

На прашањето дали Лектира би требало да влезе во школските програми како историја или нов училишен предмет, да речеме, рокенрол образование, фронтменот Маце Африка, за Плоштад рече дека вечерва најпрвин треба да појдеме од една школска музичка лектира, а потоа преку Министерство некое ќе ги решаваме работите. Како и да е, оваа лектира се чита во секоја прилика затоа што е вонвременска свирка и сосема очекувано кумановскиот бенд „Лектира“ ја собра многубројната публика на Аџитепе, како што доликува за овој, сигурни сме во тоа, в година светски фестивал!

 

Luxury Catering Service